blogger-e1562247532417.png

Кои се критериумите кои треба да ги исполните за да станете инфлуенсери на социјалните мрежи? Вистински критериуми не постојат, но јасно е дека тие првенствено се врзуваат со бројот на личности кои ги следат, иако постојат ситуации во кои луѓето кои објавуваат нешто на Instagram или на Twitter може да имаат помал број следбеници од луѓето кои ги следат, но се исклучително влијателни во некоја помала индустрија и ги следат луѓе кои навистина ги интересира таа индустрија и тој пазар.

За прашањето колкав број следбеници се потребни за некој да се нарече инфлуенсер и селебрити на интернет неодамна се расправаше во Велика Британија откако една блогерка кој на Instagram ја следат 32.000 луѓе објави оглас за таблети за спиење на компанијата Sanofi кои содржат антихистамин. Британското регулаторно тело за огласување забрани такви огласи затоа што според законите во земјата, на славните личности не им е дозволено рекламирање на лекови.

Од Sanofi приговорија на таквата одлука затоа што сметаат дека блогерката која го објавила огласот не може да се споредува со вистински селебрити и инфлуенсери. Од регулаторното тело, пак, одговорија дека бидејќи блогерката има повеќе од 30.000 следбеници, значи дека може да се смета за инфлуенсер и за неа важат истите закони како за други славни личности со десетици милиони следбеници.

Што се однесува на САД, според правилата на Федералната трговска комисија, се препорачува сите блогери и корисници на социјалните мрежи, без оглед на бројот на следбеници, секогаш да нагласуваат ако постои врска или соработка со компании за чии производи сборуваат на Интернет.

извор: иновативност.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail