Колку течности треба да пиеме кога сме болни?

limonada.jpg

Сите сме слушнале дека мора да пиеме многу течности кога сме болни…

Мора да пиеме вода или топол чај, за да не дехидрираме кога сме болни, велат сите, но колку од ова е вистина? Вистината е дека не постојат цврсти докази дека пиењето на големи количини на течности помага кај било кој вид на болест.

За повечето луѓе се препорачува дневно да пијат по 8 чаши вода, од 2 до 2 ипол децилитри, без разлика дали сте болни или не, а таа количина може малку да се зголеми кога не се чувствувате добро или кога имате воспаление.

Клучот е во умереноста, ако сакате да му го дадете на вашето тело тоа што му треба да закрепне, концентрирајте се на внесување на нормално количество течности и надополнување на течностите што сте ги изгубиле, но не претерувајте и да пиете преголеми количини од било која течност, советуваат лекарите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail