rthfhfgh.jpg

Често се вели дека мандарините се чувар на нашето срце, а еве и зошто. Богати се со калиум, чија препорачана дневна доза е 4.700 милиграми и доколку се консумира во потребните количини го намалува ризикот од срцев удар.

Пристигна есента, со нејзе и настинките и вирусите, па време е да го зајакнете имунитетот и да внесете во организмот повеќе свежо овошје. Мандарините се одличен избор, затоа што содржат двојно повеќе витамин Ц од портокалите, а само едно големо овошје задоволува 53 проценти од дневните потреби за овој витамин кој е моќен антиоксиданс.

Богати се со фолна киселина, чиј недостаток кај бремените жени може да предизвика предвремено пораѓање, но и со растителни влакна, со што се стимулира функцијата на цревата. Мандаринскиот пектин спречува покачување на нивото на шекер во крвта и го намалува чувството на глад. Секојдневното консумирање се препорачува на оние кои сакаат да ослабат или да одржат витка линија.

Добри се за нега на лице, а есенцијалното масло од ова овошје е особено ефикасно кај мрсна и проблематична кожа.

А за да го искористите се што ова овошје го нуди, дневно треба да јадете околу седум мандарини.

извор: денар

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail