Koлку заработува Џеф Безос за една секунда – Ќе се изненадите

goz.jpg

Од најбогатиот човек на светот, Џеф Безос вработени побарале зголемување на платите и подобри бенефиции за луѓето што работат за него.

Стотици вработени во „Washington Post“ потпишаа отворено писмо ова лето, упатено до Џеф Безос.

„Ве молиме, покажете му светот дека освен што ја предводите листата на милијардери со најголемо богатство, исто така можете да споделите дел од оваа богаство со луѓето кои ви помагаат да го заработите“- напишаа вработените до Безос.

Оттогаш до денес богатството на основачот на „Amazon“ и сопственик на „Washington Post“ продолжува да расте до неверојатни 155 милијарди долари.

Како и повеќето милијардери, Безос заработува од растот на акциите на неговата компанија. Податоците на „Bloomberg“ покажуваат дека тој поседуваше 99 милијарди долари на крајот од претходната година, а денес тие се за 56 милијарди долари повеќе.

22-ри август е 234-тиот ден од годината. Ако 56,3 милијарди долари ги поделиме на 234, тоа значи дека секој ден од 2018-та до денес Безос заработува просечни 240 милиони долари. Или 10.02 милиони долари на час, а исто така и 2.785 долари во секунда.

Податоците на „PayScale.com“ покажуваат дека просечната плата на вработени во „Washington Post“ е 78.000 долари годишно – пари што Безос може да ги заработи за … 28 секунди.

Безос го купи „Washington Post“ пред 5 години за сума од 250 милиони долари. Тоа значи дека му треба нешто повеќе од еден ден повторно да го купи весникот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail