Компаниите повеќе инвестираат во дигитално наспрема традиционално огласување

digital-marketing.jpg

Новиот заеднички извештај на Facebook и The Boston Consulting Group покажува дека компаниите многу набрзо може да се префрлат целосно на дигитално огласување. Годинава се очекува инвестициите во дигитален маркетинг да ги надминат инвестициите во телевизиско огласување. Глобално има пазари на кои повеќе од 40% од огласувачкиот буџет на компаниите се троши на дигитален маркетинг. Забрзано се приближуваме до моментот кога компаниите ќе трошат најмногу на social, online video и display огласување наспрема традиционалните канали.

Но, компаниите мора да го сменат и пристапот кон огласувањето. „Повеќето традиционални маркетинг-технологии кои компаниите научиле да ги користат се излишни во дигиталниот маркетинг. Тие методи беа корисни пред 10 или повеќе години, но денес мора да се базираат на дигитални податоци за потрошувачите“ вели еден од авторите на извештајот.

Повеќе од 25% од сите корисници на паметни телефони имаат инсталирано апликации за блокирање огласи, а таа бројка брзо расте. При избирањето нови производи и услуги потрошувачите веруваат на совети од луѓе кои ги познаваат. Покрај тоа, потрошувачите се повеќе учат да ги користат дигиталните технологии и се нетрпеливи кога некој оглас не им е интересен, наметлив или небитен, поради што персонализацијата е клучниот елемент на диференцијација.

Новите дигитални маркетинг технологии дозволуваат поперсонализирано и таргетирано огласување. Видеото ги заменува класичните фиксни огласи, огласувачите поттикнуваат на купување преку автоматизирани платформи и аукции. За само 3 до 5 години персонализираното огласување може да зазема дури 80% од сите буџети за дигитално огласување.

За најдобро да ги искористите можностите на дигиталниот маркетинг користете ги трите сили кои фундаментално го менуваат начинот на кој се работи маркетингот, а тоа се: пристап до голем број податоци кои се користат во кампањи во реално време, способност за развој на долгорочен и повеќеканален пристап до потрошувачите наместо еднократна интеракција и флексибилност во примената на повеќе концепти и собирање повратни информации од потрошувачите во реално време.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail