Компанија од Осијек ја претстави првата хрватска паметна перница

per.jpg

Компанијата од Осијек LIO наскоро на пазарот ќе го пласира својот нов производ – паметна перница. Се работи за првата хрватска паметна перница и доаѓа како резултат на растечките трендови за IoT (Internet of Things).

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Како што пренесува ICT Business, паметната перница собира податоци додека вие спиете и ви нуди оценка на квалитетот на вашиот сон, а може и да ви помогне при заспивањето. Благодарение на вградените сензори за звук и движење, перницата бележи колку време поминувате во лесен сон, а колку во длабок сон. Освен тоа, перницата пренесува вибрации преку черепот на оној кој спие на неа со цел да му помогне да заспие, без притоа да испушта звуци и да ги вознемирува останатите во собата.

Освен што преку вибрациите се пренесува звук кој го олеснува спиењето, постои и можност за пренос на т.н. бинаурални звуци, кои опуштаат и овозможуваат лесен сон. Перницата може да се програмира колку долго да испушта звуци за заспивање, а може да се активира и аларм кој повторно ќе може да го слушне само тој што спие на неа.

Перницата може да се подесува преку апликација на паметниот телефон која LIO ја изработиле заедно со својата партнерска компанија Betaware, која исто така е позиционирана во Осијек.

Директорот на компанијата, Владо Радиќ, изјави дека компанијата се соочувала со големи тешкотии во последните години да остане на пазарот, а она што ги променило работите кон подобро била модернизацијата и прифаќањето на актуелните технолошки трендови.

„Собравме млада екипа и сакаме да ги следиме и создаваме новите трендови. Сигурен сум дека реорганизацијата и модернизацијата на работењето носи значаен напредок“ додава Радиќ.

За почеток, паметната перница ќе може да се набави онлајн преку нивната веб страницапо цена од околу 160 евра со вклучена достава, а во физичките продавници ќе влезе во продажба кон средината на април годинава. Моментално преговараат со партнери од ЕУ за да може да се обезбеди и извоз на производот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top