Компанијата „Макпрогрес Виница“ доделува студентски кредит за десет бруцоши

makprogres.jpeg

Макпрогрес Виница ги подготви матурантите за донесување на нивните важни одлуки низ презентација на позитивните компаниски примери.

Компанијата Макпрогрес организираше отворен ден во ресторан Александар Парк, на кој присуствуваа матурантите од СОУ,,Ванчо Прќе” од Виница.

Отворениот ден имаше за цел да ги насочи професионално матурантите во високото образование и да им ги презентира можностите за практична работа, трајно вработување, како и стипендиите преку фондацијата “Свет крст“ во која Макпрогрес е меѓу најголемите донатори.

Дополнително, повод за организација на ваков настан беше да им се претстават нови перспективи и можности на матурантите во вистински момент кога тие ги носат одлуките за нивниот професионален живот и кариера, како и расветлување на нивните дилеми во однос на изборот на професијата, студиската програма или местото на живеење.

“Во време кога Македонија се соочува со негативен тренд, кога се повеќе млади луѓе размислуваат за иселување од земјата, позитивните примери од домашниот пазар би можеле позитивно да влијаат на животните одлуки на младите. Ние сакаме да направиме позитивни промени во општеството, придвижувајќи ја локалната економија, нудејќи перспективи и подобрувајќи го животниот стандард на младите во Виница и регионот. Верувам дека со овие напори што ги вложуваме ќе го постигнеме тоа“ – се обрати извршниот директор на Макпрогрес, Глигор Цветанов.

Матурантите проследија кратки презентации од седум претставници од Макпрогрес, вработени на различни позиции кои ги споделија своите лични искуства, професионални достигнувања и работни задачи во рамки на компанијата.

Помеѓу претставниците од Макпрогрес кои им се обратија на матурантите имаше дипломиран прехрамбен технолог вработен во сектор производство, дипломиран хемичар вработен како биохемичар за контрола на квалитет, машински инжинери, економисти и графички дизајнери, што го потврдува заклучокот дека во рамките на една толку високо-развиена компанија има позиција речиси за секоја професија.

На студентите им беше претставена и можноста за безкаматно студентско кредитирање, како нова можност за која тие ќе имаат прилика да аплицираат од оваа есен и тоа за следниве високообразовни струки: прехрамбен технолог, електро и машински инжинер и биохемичар.

На презентацијата матурантите имаа можност да се запознаат со компанијата, сите брендови од семејството Макпрогрес, со компаниските капацитети и потреби за вработување.

Макпрогрес Виница е најголемата компанија во општина Виница, најголем извозник од прехрамбената индустрија во Македонија пет години по ред и е една од поголемите во регионов на централна и југоисточна Европа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail