Компанијата на луѓето кои се помлади од 25 години им дава по речиси 8.000 долари за трансфузија на крв

transfuzija.jpeg

Секоја година милијарда долари се трошат на истражувања во доменот на науката што се занимава со продолжување на животот, позната како геронтологија.

Малата компанија „Амбросиа“ верува дека постои сосема едноставен и директен начин за успорувањето на процесто на стареење и „изневерувањето“ на смртта.

Раководителот на компанијата Џеси Кармазин наведе дека, „Амбосиа“ верува дека клучот на „вечниот живот“ се крие во „младата крв“, односно дека крвта на младите лица може значително да им помогне на старите лица.

Компанијата на луѓето кои се помлади од 25 години им дава по речиси 8.000 долари за трансфузија на крв.

Кармазин истакна дека околу 100 лица досега се пријавиле за трансфузија на крв.

Секој кој има над 35 години може да стане нивен клиент, меѓутоа Каризман посочи дека досега „најмладите“ примачи на трансфузија се лица кои имаат околу 60 години.

Сепак, Каризман нагласи дека тие не го гарантираат „лечењето“ на староста.

Ова засега е само експеримент, со што компанијата се надева дека ќе создаде успешен метод против стареење.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail