heart-attack.jpg

Секоја година кардиоваскуларните заболувања го одземаат животот на околу 20 милиони луѓе. И покрај присуството на современи дијагностички средства, срцевите напади тешко се предвидуваат.

Експерти од Нотингем Универзитетот во Англија имаат развиено компјутерски систем кој сам се обучува и кој ја предвидува можноста од инфаркт или мозочен удар со поголема точност отколку лекарот, соопшти научното издание Sciеnce.com.

Во препораките на Американскиот колеџ за кардиологија / Американската кардиолошка асоцијација (ACC / AHA) се пријавени осум ризични фактори кои обезбедуваат прогноза за инфаркт со точност 72,8%. Системот воспоставен во Нотингем, демонстрира прецизност 74,5-76,4%. При тоа, вештачкиот интелект на база невронски мрежи дава лажни сигнали за 1,6% поретко.

Креаторите на алгоритмот користеле за неговото учење податоци за 295 илјади пациенти од достапните вкупно 378 илјади електронски записи. Зголемена точност на прогнозата значи можност за спас на уште 355 лица од оваа група со помош на терапија со лекови или промена во начинот на исхрана.

ВИ на британските научници предвидува и фактори на ризик, кои не се вклучени во препораките на ACC. Такви се на пример тешките ментални болести и оралната употреба на кортикостероиди.

Во исто време, ниту еден од алгоритмите, кои го земаат во предвид факторот дијабетес, кој е на листата на ACC / AHA, не фигурира меѓу 10-те клучни предвесници на вештачката интелигенција. Отсега научниците планираат да вклучат и други фактори поврзани со начинот на живот и генетиката, во своите компјутерски алгоритми за да ја подобрат нивната точност.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail