Факултетот за музичка уметност – Скопје, на 27, 28 и 29 мај организира концертна серија „Musica Viva на отворено“ како дел од научноистражувачкиот проект поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Програмата на концертите ја сочинуваат дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска-Наумовска, проф. м-р Катерина Гелебешева-Костадиновска, проф. м-р Живко Фирфов, проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Олег Кондратенко, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска-Илкова, вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Марија Вршкова, вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Дино Имери, доц. м-р Димче Белчовски, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов.
Концертите ќе се одржат на платото пред Национална опера и балет на 27 мај: „Прелудиум“ (пијано, хармоника), 28 мај „Sonare” (виолина, тромбон, соло пеење, корепетиција практика) и 29 мај „Пролетни песни“ (соло пеење, вокално студио, флејта, виолина, виолончело, контрабас, корепетиција практика) Почеток на сите концерти е во 19 часот.