Конечни резултати од истражувањето на Гробот Господов

hristv-grob.jpg

Гробот Господов во Ерусалим е токму онаа гробница којашто била пронајдена во IV век од страна на римскиот Император Константин Велики.

До овие резултати дојдоа археолозите коишто вршеа иследувања врз христијанската светиња. 

На крајот од месец октомври, а за првпат после 5 века, археолозите ја отстранија белата мермерна плоча со која беше покриена гробницата. Таму тие пронајдоа вдлабнатина во варовникот, во којашто лежело телото на Господ Исус Христос. 

За време на иследувањата археолозите ја открија претходно непознатата мермерна плоча на која е изгравиран крст. Според мислењето на научниците, него го изгравирале крстоносците во XII век. 

Содржината на гробницата, според мислењето на археологот Фредерик Хиберт од National Geographic, „е јасен доказ дека местото за поклонение на современите верници, навистина е онаа гробница којашто римскиот Император Константин I ја пронашол во IV век“. 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail