Конечни резултати: Што донесе 6-часовниот работен ден?

svedska.jpg

Шведска во последните две години правеше експеримент со 6 часа работен ден. Работниците за иста плата работеа по два часа помалку, а неодамна овој експеримент заврши.

Што доби Шведска на крајот од овој експеримент?

Една од оние кои сега повторно се враќа на осумчасовно работно време е медицинската сестра Емили Теландер, која работи во дом за стари лица. Таа работи во Гетебург и вели дека по експериментот се чувствува уморна.

Раскажува дека нема време за домашните обврски и малку време поминува со својата ќерка.

„Во текот на експериментот сите имаа повеќе енергија и се гледаше дека се среќни“ – вели медицинската сестра.

Таа беше дел од 70  медицински сестри кои работеа со 6 часа на ден. Во текот на експериментот кадарот бил посветен на работата, а боледувањата биле сведени на минимум.

Резултатите од истражувањето ќе бидат објавени следниот месец, но уште сега е јасно дека работниците кои работеа два часа помалку не се задоволни со својата работа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail