Конечно: Бесплатен интернет додека сте на одмор

net.jpg

Facebook понуди нова алатка која ќе ви го олесни сурфањето на одмор или во непозната околина. Отсега, на многу лесен начин ќе можете да ги дознаете сите отворени Wi-FI интернет мрежи околу вас.

Апликацијата Find Wi-Fi, користејќи ја преку својот андроид телефон или ајфон ќе ви овозможи да изберете каде ќе седнете на кафе, каде да земете сместување и каде да одите на плажа доколку се наоѓате во некој непознат град.
Таа е многу лесна за користење. Откако ќе ја инсталирате, треба да кликнете на табот Explore, па потоа More и на крајот, пронајдете ја опцијата Find Wi-Fi. Апликацијата бара и пристап до вашата апликација за да може да се користи.
Оваа алатка ќе ви биде навистина корисна во текот на летните одмори во случај да одите во странство каде што ќе можете да добиете целосно бесплатен интернет.
Од Facebook соопштија дека новата алатка е создадена токму за местата со слаба интернет покриеност со цел одржување на постабилна интернет конекција и пристап кон дигиталната мрежа каде и да одите.
Извор: Vrabotuvanje.com
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail