КОНЕЧНО ОТКРИЕНО: Зошто врвките на патиките се одврзуваат сами додека одиме? (видео)

cats.jpg

Непишано правило е дека врвките на нашите обувки, иако цврсто заврзани ќе се одврзат макар еднаш. Научниците се обиделе да откријат зошто тоа постојано се случува.

Колин Адамс, математичар на колеџот „Вилијамс“ кој не учествувал во истражувањето, ситакнува дека со тој феномен често се среќаваме, но никој не се занимавал со прашањето зошто доаѓа до тоа.

Научниците напомнуваат дека, кога јазолот ќе започне да се опушта, нема ништо што тој процес може да го спречи.

За да видите како трчањето го деформира јазолот, научниците користеле направа за мерење на забрзувањето, а откриле дека гравитациската сила, која делува на јазолот е изненадувачки висока: 7Г (единицата Г претставува јачина за гравитациско поле на Земјата). Само за споредба, се наведува најмоќниот тобоган во светот кој произведува гравитациска сила од 6,3Г.

Додатните истражувања покажуваат како некои техники за врзување се подобри од другите, но не постои јазок кој може да биде спречен од одврзување. Некои јазолчиња ќе издржат повеќе, но само е прашање на време кога и тие ќе попуштат на гравитациската сила.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail