Конференција за образованието по природни науки и математика

konferencija.jpg

Природно-математичкиот факултeт при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), во соработка со Сојузот на математичарите на Македонија (СММ), организираат „Конференција за образованието по природни науки и математика“. Конференцијата ќе се одржи на 23-24 март 2018 во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Целта на конференцијата е во време на чести реформи во образованието, преку предавања, излагања, дискусии, да се изведат заклучоци за состојбите во образованието, за потоа истите да се искористат за подобрување на идните стратегии и правци за престојните промени.

Како наставен кадар и директни актери во образованието, сите ние чувствуваме потреба личните искуства да ги споделиме и низ разни активности на научен собир да ги согледаме потребите на учениците и наставниците, знаењето на учениците, оценувањето и постигнувањата на учениците во редовната настава и на меѓународните тестови, наставните планови и програми, методолошките пристапи, сите забелешки за и против Кембриџ програмите, користената литература, фондот на часови по природни науки и математика, модернизацијата на образованието – кога и како, професионалното усовршување на наставниот кадар, премините од предучилишно во основно образование и од основно во средно образование, дисконтинуитетот при ваквите премини, компатибилноста на наставните програми со потребите, инфраструктурната подготвеност на училиштата (лаборатории, практична настава), работата со талентираните ученици и се друго поврзано со работата во образовниот процес.

Преку предавања на поканети предавачи од регионот, усни презентации, тркалезна маса и дискусија, учесниците да се запознаат со добри практики во регионот, да се согледаат сите добри страни и недостатоци на образованието по природни науки и математика во Македонија и врз основа на излагањата на учесниците на собирот и зборникот на трудови што ќе биде издаден, да се донесе заклучок за потребите, предизвиците, формите и правците каде треба да се насочиме при реформите во образованието по природни науки и математика.

Покануваме: 
Одделенски наставници (математика и природни науки), наставници по природни науки, наставници по математика, физика, хемија и биологија во основните и средните училишта, универзитетски наставен кадар, директори на училиштата, советници, инспектори, државни службеници од МОН, БРО, ДИЦ, Државен просветен инспекторат и др. Ве покануваме, да земете активно учество во работата на конференцијата и директно да придонесеме сите за подобро образование на нашите ученици.

Важни датуми (крајни рокови за испраќање)
Пријава за учество (word документ) 15.2.2018
Наслов и проширен апстракт
на предавањето (или готов труд)* 25.2.2018
Плаќање котизација 10.3.2018

Преземете формулар за пријава и соопштение со детални информации:

      

Поддржувачи на конференцијата се Министерството за образование и наука на Р. Македонија (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО).

Повеќе информации:
www.dfrm.org | im-pmf.weebly.com | www.smm.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top