poster_konkurs_2019_2020.jpg

Критериуми и услови:

Право на учество на Конкурсот имаат студентите запишани на прв циклус студии во академската 2019/2020 година.

Студентот има право да конкурира за:

  • најдобар истражувачки труд
  • најдобар есеј

Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.

Eсејот се изработува исклучиво на тема:

Студенстско ангажирање, развој, поврзување

Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор.

Начин на доставување на трудовите:

Трудот односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-адреса: [email protected]

На трудот не смее да бидат наведени податоци за студентот, а се наведува само насловот и шифрата под која се пријавува истражувачкиот труд, односно есејот.

Истражувачките трудови и есеи се доставуваат најдоцна до 31. 10. 2019 година.

Оценување:

Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни Комисии. Критериумите, методолошкиот пристап и упатствата за изработка на истражувачките трудови и есеи се преземаат на следните линкови:

истражувачки труд

есеј

За најдобрите есеи и истражувачки трудови се доделуваaт плакети и парични награди.

Поблиски информаци на телефон: 047 223 788 локал 109 или на

[email protected]

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail