Конкурс на ДПМ за доделување на наградата „Даница Ручигај“

danica.jpg

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-член на ДПМ.

Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од мај 2017 до крајот на април годинава. Книгите до ДПМ авторките и издавачите треба да ги достават во четири примероци најдоцна до 30 април.

Наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото во јуни. Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките во ДПМ кој го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај.

Одлуката за формирање на Клубот беше донесена по повод 80-годишнината од раѓањето на Даница Ручигај која животот трагично го загуби на 29-годишна возраст во скопскиот земјотрес.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top