10-Medium-7.jpg

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ „Г. Р. ДЕРЖАВИН“

СВ. НИКОЛЕ – БИТОЛА

објавува

КОНКУРС

ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР

за академската 2019/2020 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС + KA103 на Европската комисија, Меѓународниот Славјански Универзитет распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии, со минимум 7.00 просечна оценка од претходните години, положени испити од претходната академска година.

Времетраење на мобилноста за студенти: (еден семестар или една академска година до 12 месеци.

Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: (5 работни денови со минимум 8 часа предавање).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу МСУ и ЕУ универзитетите.

Потребни документи за мобилност на студенти:
Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.msu.edu.mk

пополнет формулар за пријавување (Student Applicaion Form);
договор за студирање (Learning agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот Факултет/Еразмус+ координаторот и Факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30 ЕКТС);
уверение за положени испити на македонски јазик;
најмалку една препорака од предметните професори;
уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена од признат центар/школа за странски јазици;
уверение за редовен студент – запишан семестар/година (на македонски јазик);
кратка биографија (Europass model).
Мотивационо писмо
Висината на стипендијата за студентите изнесува 450-500 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Калкулатор за мобилност).

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:
Мобилност за наставeн ангажман (teaching):

(Staff Application Form) ;
(Staff Mobillity Agreement for Teaching) ;
покана (Letter of invitation) од страна на Универзитетот- домаќин;
кратка биографија (Europass model).
Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави комисијата на универзитетот согласно утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за прв пат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примероци до Еразмус+ канцеларијата на Универзитетот, најдоцна до 14.06.2019 кај:

Еразмус координатор за целиот унвиерзитет – М-р Јасмина Пресилска на следниот е-маил: [email protected] и на тел: 070.308.557

Еразмус асистент – М-р Кристина Митревска на следниот е-маил: е[email protected] и на тел: 078.602.492

(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на МСУ)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail