Конкурс за доделување 10 стипендии за студентите на Машинскиот факултет – Скопје

masinski-fakultet-skopje-logo.png

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД ЕЛЕМ и Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, се распишува

 

КОНКУРС

за доделување 10 стипендии

за студентите на Машинскиот факултет – Скопје

На конкурсот можат да се пријават:

  • Редовни студенти на Факултетот кои се запишани за прв пат, во прва година на студии во академската учебна 2016/2017 година
  • Студенти кои студираат на една од следните студиски програми:
  • Хидраулично инженерство и менаџмент на води (ХИМВ),
  • Термичко инженерство (ТИ),
  • Енергетика и екологија (ЕЕ).

 

Висината на стипендијата изнесува 6.000,00 денари месечно и се доделува за  времетраење од 10 (десет) месеци годишно, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските од страна на студентите пропишани со Договорот за стипендирање.

Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од 3 (три) члена и тоа: 2 (два) члена од редот на вработените во АД ЕЛЕМ и 1 (еден) член од Машинскиот факултет – Скопје.

Со доделување на овие стипендии, АД ЕЛЕМ ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и квалитетни кадри од областа енергетиката и воедно ќе даде стимул на идните студенти за запишување на Машинскиот факултет во Скопје.

Потребна документација за аплицирање:

  • Пополнета апликација/прашалник подготвен од страна на АД ЕЛЕМ
  • Мотивациско писмо
  • Потврда за редовен студент запишан во прва година на студии
  • Потврда за положени испити, освоени кредити и просечна оценка (просек) по завршување на првиот семестар
  • Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија.

 

Апликацијата/прашалникот е објавена на интернет-страницата на Машинскиот факултет-Скопје: www.mf.edu.mk

 

Кандидатите на кои ќе им биде доделена стипендија имаат обврска:

  • студиската година да ја завршат во рок и со просек не помал од 8, во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање;
  • други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

 

Начин на аплицирање:

Документите се поднесуваат во Архивата на Машинскиот факултет – Скопје (во Деканатот) или по пошта на адреса Машински факултет –Скопје, п. Фах 464, 1000 Скопје во периодот од 16.05.2017 до 26.05.2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail