Конкурс за доделување 100 (сто) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2019/2020 година

mon.jpg

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 54 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18 и 20/19) и Решение за распишување Конкурс за доделување на 100 (сто) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2019/2020 година бр.19-9218/1 од 22.08.2019 година Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување 100 (сто) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2019/2020година

Министерството за образование и наука за учебната 2019/2020година ќе додели 100 (сто) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале успех од најмалку 3,00;
  2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале успех од најмалку 3,00;
  3. да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилник за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој;
  4. да не повторувале година во текот на образованието;
  5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
  6. да се државјани на Република Северна Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се остварениот успех, при што еден ученик може да добие најмногу до 100 бодови.

II. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои ги исполнуваат условите од конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), од 30.09.2019 до 10.10.2019 година, од 09-15 часот, да ги донесат следните документи:

  1. Евидентен лист;
  2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2019/2020година;
  3. Копии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
  4. да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилник за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој;
  5. Изјава потпишана од родител – старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија

Конечниот список со избраните кандидати ќе бидe објавен на 30.11.2018 година на интернет порталот http:// mon.gov.mk.

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16), ќе го обезбеди следниот документ:
-уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:
-некомплетна и
-ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 05.11.2019 година на интернет страницата на Министерството.
Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 29 ноември 2019 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.750,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

повеќе тука

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail