Конкурс за доделување 5 стипендии за студенти на Машински факултет – Скопје

Konkurs-za-dodeluvanje-5-stipendii-za-studenti-na-Mashinski-fakultet-Skopje.jpg

Конкурс за доделување 5 стипендии за студенти на Машински факултет – Скопје

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Раде Кончар ТЕП и Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, се распишува

 

КОНКУРС

за доделување 5 стипендии

за студенти на Машински факултет – Скопје

 

На конкурсот можат да се пријават:

  • Редовни студенти на Факултетот кои се запишани во последната година студии во академската учебна 2017/2018 година
  • Студенти кои студираат на една од следниве студиски програми:

o Индустриско инженерство и менаџмент (ИИМ),

o Производно инженерство (ПИ),

o Мехатроника (МХТ) и

o Индустриски дизајн (ИНД).

 

Висината на стипендијата изнесува 12.500,00 денари.

 

Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од 3 (три) члена од редот на вработените во Раде Кончар ТЕП.

 

Со доделување на овие стипендии, Раде Кончар ТЕП ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и квалитетни кадри и воедно ќе даде стимул на идните студенти за запишување на Машинскиот факултет во Скопје.

 

Потребна документација за аплицирање:

  • CV
  • Потврда за положени испити, освоени кредити и просечна оценка (просек) Апликацијата/прашалникот е објавена на интернет-страницата на Машинскиот факултет- Скопје: www.mf.edu.mk

 

Кандидатите на кои ќе им биде доделена стипендија имаат обврска:

  • да извршат практична настава во Раде Кончар ТЕП,
  • можност да изберат и изготват дипломска работа во соработка со некој од вработените во Раде Кончар ТЕП;
  • други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

 

Краен рок за доставување на документите е 31.05.2017 година.

 

Начин на аплицирање:

Документите се поднесуваат во:

компанијата Раде Кончар ТЕП, физички или на следната e – маил адреса: [email protected]

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail