Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на
Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и
образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите
талентирани луѓе.
Како дел од Програмата за поттикнување на вработување и развој на млади таленти,
Цементарница УСЈЕ објавува
КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ
на Факултетот за деловна економија и организациски науки,
Универзитет Американ Колеџ Скопје
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Цементарница УСЈЕ АД Скопје e oпштествено одговорна компанија, која меѓу другото, придонесува кон развој на човечкиот капитал и потенцијал во Република Македонија. За таа цел, Цементарница
УСЈЕ АД Скопје во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2020 /2021 година доделува целосни стипендии за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки.
2. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат сите кандидати кои ги исполнуваат следните услови:
1. Да се државјани на Република Македонија;
2. Да имаат просек од минимум 8 во текот на додипломските студии;
3. Одлично познавање англиски јазик;
4. Висока мотивација и интерес за постдипломски студии.
Потребни документи за конкурсот:
1. Копија од потврда за државјанство;
2. Копија од уверение / диплома за завршени додипломски студии и просек;
3.Потврда за одлично познавање на англиски јазик;
4.Две препораки;
5.Мотивациско писмо и биографија.
3. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната www.usje.com.mk на Цементарница УСЈЕ и да ги прикачат потребните документи
почнувајќи од 01.10.2020 година до 10.10.2020 година.
4. Селекција
Селекцијата и рангирањето ќе бидат направени од страна на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Само избраните кандидати за интервју ќе бидат
контактирани.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, хендикеп, сексуална ориентација, религија или убедување.
Извор: УАКС