Конкурс за доделување една стипендија за студии во Московскиот Државен Институт за Меѓународни Односи ( МГИМО ) при Министерството за Надворешни Работи на Руската Федерација

Konkurs-za-dodeluvanje-edna-stipendija-za-studii-vo-Moskovskiot-Drzaven-Institut-za-Megjunarodni-Odnosi-MGIMO-pri-Ministerstvoto-za-Nadvoreshni-Raboti-na-Ruskata-Federacija.jpg

Конкурс за доделување една стипендија за студии во Московскиот Државен Институт за Меѓународни Односи ( МГИМО ) при Министерството за Надворешни Работи на Руската Федерација

Московскиот Државен Институт за Меѓународни Односи ( МГИМО ) при Министерството за Надворешни Работи на Руската Федерација е спремен да прими едно лице од Македонија на прва година на институтот за учебната 2018/2019 година согласно одлуката на Претседателот на Руската Федерација.

Неопходни документи за пријавување:

1)    Документ за завршено средно (полно) образование. Кон документот, составен на еден од националните јазици на Руската Федерација или  на странски јазик, треба да се приложи превод на руски јазик, заверен во руско нотаријално биро или во конзулатот на Руската Федерација во земјата каде е издаден документот;
2)    Копија на личната карта и националниот пасош;
3)    12 слики 3 x 4 ( мат, црно – бели );
4)    CV/Резиме;
5)    Мотивационо писмо;
6)    Две препораки и
7)    Electronic application form
Документите да се достават во 2 (два) примерока.

*Пријава

За запишување на сите факултети МГИМО предвидува лицето кое ќе биде избрано да посетува подготвителна настава по руски  јазик, доколку нема познавање од руски јазик и потоа да биде запишано на еден од расположивите факултети.

Сите потребни информации за кандидатите се изложени на сајтот: www.mgimo.ru

Краен рок за поднесување на документите е 05.06.2018 година, до Министерството за образование и наука, Сектор наука и технолошки развој, ул. Свети Кирил и Методиј бр.54  Скопје,  Република Македонија, телефон за контакт:

(02) 3 140 185 и 076 485 061 Гоце Видановски.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top