mon.jpg

Владата на Народна Република Кина за учебната 2020/2021 година доделува 5 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (2 стипендии доделени од Владата на НР Кина и 3 унилатерални стипендии).

Кандидатите потребно е да се пријават електронски и да ги прикачат следните документи: :

– Пријавен лист (пријавувањето е електронски на www.csc.edu.cn/studyinchina или на www.campuschina.org, агенциски број 8071 пополнетиот формулар се доставува и во министерството).
– Фотокопиja од патната исправа: Кандидатите треба да достават скенирана копија од патната исправа со важност подоцна од 1 март 2021 година,
– Фотокопии од свидетелствата за завршните години од средно образование (за редовни- додипломски студии) преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,
– Фотокопиja од дипломата за завршено високо образование (магистерски и докторски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,
– Фотокопиja од уверението за положени испити (магистерски и докторски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,
– План за студиите (до 200 зборови за редовни студии, до 500 зборови за специјализации и до 800 зборови за магистерски и докторски студии),
– Две препораки од универзитетски професори (магистерски и докторски студии и специјализации),
– Лекарско уверение (Foreigner Physical Examination Form) се пополнува на англиски јазик и треба да ги содржи сите наведени испитувања, да има потпис од доктор, официјален печат од здравствената установа и прикачена фотографија од кандидатот и е со важност од 6 месеци.
– Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на музиката, покрај наведените документи треба да достават и ЦД со нивни музички изведби, а кандидатите кои се пријавуваат за студии по уметност, покрај наведените документи, треба да достават и ЦД со нивните уметнички творби (2 цртежа, 2 слики во боја и 2 творби по сопствен избор).
При аплицирањето кандидати можат да ги прикачат и следните документи:
– Писмо за прифаќање од избраниот универзитет (подетални информации на htpp://www.CampusChina.org и www.csc.edu.cn/Laihua/universityen.aspx),
– Потврда за познавање кинески јазик (HSK сертификат) или англиски јазик (IELTS или TOFEL сертификат),

Краен рок за пријавување е 01.02.2020 година.

Кандидатите кои ќе се пријават електронски за стипендии од Владата на Народна Република Кина, треба да достават копија од пријавниот лист (точка 1 од потребните документи) во архивата на Министерството за образование и наука до 01.02.2020 година.

Подетални информации и пропишаните обрасци може да се најдат во текстот на Конкурсот објавен на интернет страната на Министерството: www.mon.gov.mk, (документи/конкурси) или на тел: 02 3140 185/лице за контакт: Олга Дуковска-Атов, како и на интернет страните http/www.campuschina.org или http//en.csc.edu.cn/studyinchina.

Инструкции за пријавување

Критериуми и потребни документи

Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2020 година.
Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail