Конкурс за доделување на една стипендија за студии на Московскиот Државен Институт за Меѓународни Односи

header.jpg

Московскиот Државен Институт за Меѓународни Односи ( МГИМО ) при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација е спремен да прими едно лице од Северна Македонија на прва година на институтот за учебната 2020/2021 година согласно одлуката на Претседателот на Руската Федерација.

Во согласност со Наредбата на Министерството за наука и високо образование на Руската Федерација од 3 април 2020 година број 547, доставувањето на документите до Комисијата за прием на странски државјани во 2020 година ќе се врши исклучиво во електронска форма.
Почнувајќи од 27 април 2020 година, АПЛИКАНТИТЕ можат самостојно да го пополнат основниот формулар за регистрација. Формуларот за регистрација се наоѓа на:
https://abiturient.mgimo.ru/foreigners/foreigners-bac
За да достават документи до Комисијата за прием на странски државјани, АПЛИКАНТИТЕ треба:

1) Самостојно да ги префрлат во електронска форма потребните документи за прием преку скенирање или фотографирање, истовремено обезбедувајќи читливост на текстот. Списокот на потребни документи се наоѓа на оваа страница подолу.

2) Документите во електронска форма ќе се примаат од 15 јули 2020 до 15 август 2020 година (вклучително).
Начинот на испраќање документи во електронска форма ќе биде објавен подоцна.

3) Почекајте ја пороверката на документите и добијте потврда за нивното прифаќање преку е-пошта.
Апликантот ги пренесува во електронски формат со скенирање или фотографирање СЛЕДНИТЕ

ДОКУМЕНТИ:

1) Документ за идентификација: скен или фотографија од првата страница од пасошот + нотарска заверка на првата страница од пасошот.

2) Документ за образование со додаток, каде што се наведени предметите и завршните оценки + заверени нотарски преводи (ако сертификатот е на руски атестат, тогаш не се потребни нотарски заверки). Пред да ги поднесете документи, важно е да проверите дали на документот за образование од вашата земја му е потребна конзуларна легализација или апостил.
3) Медицински документи:

1. Потврда со податоци за хронични болести (образец 086-U),
2. Сертификат за отсуство на ХИВ инфекцијата,
3. Резултат од истражување за RW (сифилис),
4. Резултат од истражување за хепатит Б тест,
5. Медицински извештај за примени вакцини, заверен со печат на медицинска установа со датуми на вакцинација,
6. Заклучок за рендгенско флуорографско испитување.

4) Фотографија во електронска форма:

1. Црно бела или во боја,
2. Лицето треба да биде во центар,
3. Позадината светла.
Приемните испити на руски и странски јазик за апликантите во 2020 година ќе се одржат дистанционо, после 15 август. Датумите за испити ќе бидат објавени подоцна!
Информации за работата на изборната комисија за магистратура може да се најдат на: http://master.mgimo.ru/
Сите потребни информации за кандидатите се објавени на сајтот: www.mgimo.ru и [email protected] или на тел: +74952348490.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail