mon.jpg

Врз основа на член 50 став 1 и член 52-а став 2 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 ), член 2 и 3 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/19) како и Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2019 година, Министерството за образование и наука распишува:

К О Н К У Р С
за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2019 година

  1. Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување на средства за финансирање на материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири за 2019 година.
  2. Право на средствата за организација на научни собири имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи.
  3. Пријавата за доделување средства за финансирање материјални трошоци и услуги, за печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири, како и пропратната документација ги поднесува организаторот на научниот собир.
  4. Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:
  • пополнета пријава;
  • одлука за печатење на зборникот на трудови од научниот собир и
  • програма за работа на научниот собир со број на учесници
  1. Организаторот на научниот собир е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс.
  2. Средствата кои се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и расположивите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.
  3. Пријавите и документите наведени во точка 4 на овој Конкурс почнувајќи од 01.09.2019 година заклучно со 22.11.2019 година, се доставуваат на следната адреса или во архивата на:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт:
Едмонд Метај, канцеларија број 1408 или на телефон 02-3140-183

извор: мон

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail