mon.jpg

Врз основа на член 50 став 1 и член 52-а став 3 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 ), член 2 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/19) како и Решението за објавување на Конкурс за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири за 2019 година, Министерството за образование и наука распишува:

К О Н К У Р С
за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири за 2019 година

  1. Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување на средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири за 2019 година.
  2. Право на поднесување на пријава за доделување на финансиски средства за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети-во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовити научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи.
  3. Пријавата со пропратната документација ја поднесува субјектот кој врши научно-истражувачка дејност.
  4. Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:
  • пополнета пријава;
  • доказ дека трудот е прифатен за усна или писмена (постер) презентација од организаторот на меѓународниот научен собир;
  • согласност од установата каде што е вработен кандидатот за учество на меѓународниот научен собир, со потпис од овластен потписник и печат на установата, архивирана во архивата на подносителот на пријавата;
  • потврда за висината на патните трошоци;
  • потврда за висината на котизацијата;
  • апстракт од научниот труд и
  • Изјава за користење на лични податоци
  1. Домашниот научен истражувач е должен да ја достави бараната документација согласно точка 4 од овој конкурс.
  2. Средствата кои се доделуваат за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири се пресметуваат во зависност од висината на котизацијата, висината на патните трошоци и расположливите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.
  3. Пријавите и документите наведени во точка 4 на овој Конкурс почнувајќи од 01.09.2019 година заклучно со 22.11.2019 година, се доставуваат на следната адреса или во архивата на:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт:
Едмонд Метај, канцеларија број 1408 или на телефон 02-3140-183

извор: мон

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail