Конкурс за доделување на стипендии во времетраење од 30 (триесет) месеци за студиско усовршување на студенти на редовни, магистерски и докторски студии во Република Словачка

Konkurs-za-dodeluvanje-na-stipendii-vo-vremetraenje-od-30-trieset-meseci-za-studisko-usovrshuvanje-na-studenti-na-redovni-magisterski-i-doktorski-studii-vo-Republika-Slovachka.jpg

Конкурс за доделување на стипендии во времетраење од 30 (триесет) месеци за студиско усовршување на студенти на редовни, магистерски и докторски студии во Република Словачка

Конкурс за доделување на  стипендии во времетраење од 30 (триесет) месеци за студиско усовршување на студенти на редовни, магистерски и докторски студии во Република СловачкаМинистерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка  во рамки на билатералниот договор со Република Македонија за академската 2018/2019  година доделува стипендии во времетраење од 30 (триесет) месеци наменети за:
– студиско усовршување од 3 до 10 месеци за студенти на редовни, магистерски и докторски студии.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Кандидатите треба  да ги поднесат следниве документи во два примероци:
-Пријавен лист (Application form) пополнет на англиски или словачки јазик – достапен на следниот линк: http://www.minedu.sk/scholarships-offered-within-the-framework-of-bilateral-programs-of-cooperation-new/.
– Кратка биографија – CV
-Мотивационо писмо,
– Детално подготвен предлог план за студиското усовршување,
– Писмо за прифаќање од страна на институција во Словачка,
– Препораки од универзитески професори- две препораки за студенти на редовни и магистерски студии, една препорака за студенти на докторски студии потпишана од менторот.
– Уверение за положени испити за студенти на редовни и магистерски студии,
– Листа на објавени трудови за студенти на докторски студии,
– Две фотографија со димензии 3.5 cm x 4 cm (димензии на патна исправа).
– Сертификат за познавање на англиски јазик, во случај студентот да не го владее словачкиот јазик.

Крајниот рок за пријавување е 23 март 2018 година.

Пријавниот потпишан лист во оригинал  со останатите пропратни документи се доставуваат  во Министерството за образование и наука (бул. „Кирил и Методиј„ бр. 54, Скопје).

Подетални информации и пропишаните обрасци може да се најдат во текстот на Конкурсот објавен на интернет страната на Министерството: www.mon.gov.mk, (документи/конкурси) или на  тел: 02 3140 185/лице за контакт: Гоце Видановски, како и на интернет страната: http://www.minedu.sk/scholarships-offered-within-the-framework-of-bilateral-programs-of-cooperation-new/

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top