Конкурс за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување во Република Хрватска за академската 2017/2018 година

Konkurs-za-dodeluvanje-na-stipendii-za-ednosemestralni-preddiplomski-diplomski-studii-i-studisko-usovrshuvanje-vo-Republika-Hrvatska-za-akademskata-2017-2018-godina.jpg

Конкурс за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување во Република Хрватска за академската 2017/2018 година

Врз основа на Програмата за соработка од областа на науката, технологијата и образованието помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска, потпишана на 23 февруари 2015 година во Скопје, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува
К О Н К У Р С
за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување во Република Хрватска за академската 2017/2018 година

1. Две (2) едносеместрални стипендии за преддипломски/дипломски студии за изучување на хрватскиот јазик и литература,
2. До осум (8) месечни стипендии за студиски престои, со поодделно траење од 1-2 месеци.
3. Две (2) стипендии за летен курс по хрватски јазик и литература во рамки на Загребската славистичка школа.

Потребна документација за пријавување:

За точка број 1 потребни се следните документи:

1. Образец за пријавување (пополнетиот Образец потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/
2. Фотографија од лична карта, поставена на образецот за пријавување;
3. Фотокопија од пасош;
4. CV (во Европски формат)
http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp
5. Препис од двата последни завршени семестри во домашната институција (копија од додипломски/дипломски студии, копија од BA/BSc програми);
6. Мотивациско посмо;
7. Препорака од соодветна домашна институција, зaверена и потпишана од одговорното лице;
8. Потврда за редовен студент;
9. Здравствена потврда.

За точка број 2 потребни се следните документи:

1. Образец за пријавување ( пополнетиот Образец, потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/
2. Фотографија од лична карта, поставена на Образецот за пријавување;
3. Фотокопија од пасош;
4. CV (во Европски формат)
http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp
5. Листа на публикации;
6. Копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот, заедно со придружен соодветен документ од партнерот;
7. Прецизен и детален план за работа – максимум две страни;
8. Сертификат за владеење на хрватски јазик – освен ако е договорено предложената програма да биде на друг јазик (ова да биде наведено во писмото за покана);
9. Две препораки од компетентни професори/експерти од областа на истражувањето;
10. Писмо за покана од страна на институција во Хрватска;
11. Здравствена потврда.

За точка број 3 потребни се следните документи:

1.Образец за пријавување (пополнетиот Образец потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/
2. Фотографија од лична карта поставена на образецот за пријавување;
3. Фотокопија од пасош;
4. CV (во Европски формат)
http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp
5. Копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот;
6. Мотивациско писмо;
7. Писмо за препорака;
8. Доказ за владеење на хрватски јазик (минимум А2)
Напомена: Образецот за пријавување кој е составен дел на овој Конкурс, освен во електронска форма, потребно е пополнет да го испечатите и заедно со потребната документација во три примероци да го доставите до Министерството за образование и наука, ул. “Св. Кирил и Методиј“, бр. 54, Скопје, најдоцна до 14 април 2017 година.

Подетални информации можат да се обезбедат на тел. 076 485 044, лице за контакт Билјана Василеска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail