mon.jpg

Врз основа на Протоколот за соработка за доделување стипендии „Борис Трајковски” со наш архивски број 08-6789/1, потпишан во Скопје на 18 јуни 2019 година од страна на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, Сити Колеџ, лоциран во Солун, Грција, и согласно член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), Министерството за образование и наука распишува:

К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ” ЗА СТУДИИ ОД
ВТОР ЦИКЛУС ЗА ИЗВРШНАТА МБА ПРОГРАМА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ШЕФИЛД ЗА АКАДЕМСКАТА 2019/2020 ГОДИНА

Уписнина за 20 студенти за вонредни двегодишни студии од II (втор) циклус во рамки на Извршната програма за бизнис администрација, МБА, насоки за:

 Општ менаџмент
 Маркетинг
 Финансии
 Менаџмент во логистика
 Менаџмент во здравство
 Менаџмент на човечки ресурси

На овој Конкурс може да се пријават стручни лица од различни профили и бизнис менаџери вработени во компании од приватниот и јавниот сектор.

Средствата за уписнина ги обезбедуваат Владата на Република Северна Македонија – Министерство за образование и наука (во износ од 50%) и Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ (во износ од 50%).

Извршната МБА програма е предвидено да се реализира за време на викенди, во Солун, Грција. Студентите не треба да живеат во Грција, туку ќе треба да престојуваат во Солун само за време на овие викенди. Стипендиите ги покриваат само средствата за уписнина. Останатите средства (патни трошоци, сместување и други животни трошоци) се на товар на кандидатот.

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатите кои ќе конкурираат треба да ги исполнуваат следните услови:

• Да имаат завршено академски универзитетски студии од прв циклус со постигнат просечен успех од најмалку 8,00;
• Да имаат работно искуство од минимум 3 години;
• Да имаат одлично познавање на англискиот јазик (TOEFL сертификат со резултат 89 кога се полага преку интернет или IELTS со резултат 6,5 или нивен еквивалент). Кандидатите кои имаат завршено додипломски или постдипломски студии на англиски јазик не се обврзани да приложуваат ваков сертификат. Кандидатите кои не поседуваат еден од горенаведените сертификати, ќе бидат тестирани од страна на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. За датумот и местото на тестирањето кандидатите ќе бидат дополнително известени.
• На денот на пријавувањето кандидатите треба да се постари од 24 години.

Како критериуми за избор ќе се сметаат:

  1. Степенот на стекнато образование и просекот. Кандидатите кои имаат магистратура или докторат од која било област ќе имаат предност при изборот.
  2. Како предност при изборот на кандидатите ќе се смета квалитетот и времетраењето на работното искуство, како и нивото и времето поминато на менаџерски позиции кои кандидатот ги имал во текот на работното искуство.
  3. Нивото на познавање на англискиот јазик.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
• Пријава;
• Пополнет формулар за аплицирање;
• Судски превод на англиски јазик од дипломата за завршени академски студии од прв циклус и од уверението за положени испити со оценки и просечен успех;
• Фотокопија од сертификатот за познавање англиски јазик, заверена на нотар;
• Една писмена препорака (во запечатено и потпишано плико);
• Биографија на англиски јазик;
• 4 фотографии (во големина за пасош).

ИЗБОР НА КАНДИДАТИТЕ

Изборот на кандидатите ќе се изврши од страна на заедничка Комисија составена од по еден претставник на потписниците на Протоколот, во согласност со критериумите на Универзитетот Шефилд и законските прописи на Република Северна Македонија.

Сите документи се приложуваат во три (3) примероци (еден оригинал и две фотокопии).
Краен рок за пријавување: 30 август 2019 година.

Документите е потребно да се достават на следната адреса:
Министерство за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј” бр. 54 (зграда на Нова Македонија, Архива-приземје), 1000 Скопје со назнака “Стипендии Борис Трајковски”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail