mon.jpg

Врз основа на член 12-а од Закон за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/16 и 142/16) и Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија (“Службен весник на Република Македонија” бр.191/15), а согласно Решението за распишување Конкурс за доделување на стипендии за ученици во спортската академија во Република Македонија за учебната 2019/2020 година, бр. од година Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување стипендии за ученици во Спортската академија
за учебната 2019/2020 година

Министерството за образование и наука за учебната 2019/2020 година ќе додели стипендии за учениците запишани во Спортската академија во Република Северна Македонија

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои се запишани во Спортската академија во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се редовни ученици во Спортската академија (од II, III и/или IV година)
  2. Во текот на претходната учебна година да имаат постигнато најмалку општ успех многу добар 4,00 (четири) и одличен успех 5 (пет) од изборниот предмет тренинг од избраниот спорт на крајот на учебната година;
  3. Да не повторувале година во текот на образованието;
  4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
  5. Да се државјани на Република Северна Македонија.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат барање поставено на сајтот mon.gov.mk, почнувајќи од 04.10.2019 година до 14.10.2019 година.

Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 01.11.2019 година на сајтот mon.gov.mk и во Спортската академија.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Учениците кои се пријавиле електронски потребно е да ги достават следните докименти:

  1. Барање
  2. Испечатена електронска пријава со идентификационен број
  3. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2019/2020 година издадена од Спортската академија;
  4. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршена прва, втора и/или трета година на образованието;
  5. Изјава потпишана од родител/старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на сајтот mon.gov.mk и
  6. Изјава од родителот/старателот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на ученикот, со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи, објавена на сајтот mon.gov.mk
    Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од трансакциска сметка на која би ги добивале парите во случај да добијат стипендија.

Министерството за образование и наука по службен пат го прибавува уверението за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, од 04.10.2019 година до 14.10.2019 година, од 09.00-15.00 часот, ги доставуваат документите утврдени во глава III од конкурсот.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3000 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.
Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се утврдат прават

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail