Конкурс за геофотографија 2018

New-Microsoft-PowerPoint-Presentation.jpg

Истражувачкото здружение на студенти географи “Природник” започнува со серијал на тематски геофотоконкурси насочени кон природните убавини на Република Македонија. Идеата на тематските геофотоконкурси е преку фотографија да се запознаеме со природните убавини кои постојат во Македонија и кои треба да ги промовираме, заштитиме и негуваме.

Целта е да Ве поттикнеме, инспирираме, охрабриме – да ја споделите и Вие Вашата приказна, да ја запознаете и промовирате недопрената убавина на Република Македонија.

Наградите се:

  1. Прво место место од Комисија
  • Вредносен Ваучер од 2000 ден. од туристичка агенција Dream Holidays
  • ваучер за посета на Споменик на природа “Слатински Извор”
  • комплет книги и карта од Македонско Географско Друштво
  1. Второ место од Комисија
  • Вредносен Ваучер од 2000 ден. од туристичка агенција Dream Holidays
  • ваучер за посета на Споменик на природа “Слатински Извор”
  • комплет книги и карта од Македонско Географско Друштво
  1. Трето место од Комисија
  • Вредносен Ваучер од 2000 ден. од туристичка агенција Dream Holidays
  • ваучер за посета на Споменик на природа “Слатински Извор”
  • комплет книги и карта од Македонско Географско Друштво
  1. Награда од публика ( интернет/социјални медиуми )
  • Вредносен Ваучер од 3000 ден. од туристичка агенција Dream Holidays
  • ваучер за посета на Споменик на природа “Слатински Извор”
  • комплет книги и карта од Македонско Географско Друштво
  • Сите наградени ќе добијат и платена годишна членарина во Истражувачкото друштво на студенти географи “Природник” – Скопје и наградените фотографии ќе бидат искористени во изработката на календар за 2019 година.
  • Наградените фотографии ќе бидат презентирани и на веб страната на Истражувачкото друштво на студенти географи “Природник” – Скопје izsg-prirodnik.com.mk како и на официјалните профили на Здружението на социјалните интернет медиуми ( facebook, Instagram, twitter ).

Ова е единствена можност да бидете дел од првиот тематски геофотоконкурс!

Кој може да учествува?

Право на учество имаат сите граѓани на Р.Македонија без разлика на возраст, пол, националност и верска припадност.

До кога трае конкурсот?

Испраќање на фотографии – 01.08.2018 до 31.08.2018 година

  • Сите пристигнати фотографии, ќе бидат објавувени во заеднички албум на Фејсбук профилот на Истражувачкото здружение на студенти географи “Природник” по завршување на рокот на испраќање на фотографии.
  • Во период од 09.2018 година до 14.09.2018 година ќе биде овозможено секој да гласа за нив со „лајк“. 15-те фотографии кои до 14ти септември ќе имаат најмногу гласови („лајкови“) ќе бидат испечатени и изложени за време финалниот настан ( изложба ) .
  • Членовите на комисијата за наградување од тие 15 фотографии ќе одберат 3 победнички, чии автори ќе бидат наградени со награди од нашите поддржувачи ( Туристичка агенција Dream Holidays, Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ и Македонско Географско Друштво )
  • Дополнително, 4та награда,или награда од публика, ќе добие фотографијата со најмногу гласови („лајкови“).
  • Победниците ќе бидат објавени на крајот од септември 2018 година, на веб страната и фан страната на Истражувачкото здружение на студенти географи “Природник” како и на завршна изложба !

На кој начин може да бидат испратени фотографиите?

Апликација:

  • Учеството е бесплатно.
  • Еден автор може да испрати најмногу 5 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е-маил (не принт, црнобели фотографии или панорама формати).
  • Насловите на дигиталните фотографии мора да го содржат името на фотографот и името и бројот на фотографијата (1-5) (пример: АлександарСтојаноски_КањонМатка _1.jpg).
  • Испратете ги Вашите фотографии на geofotokonkurs.prirodnik@gmail.com
  • Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, а по желба на авторот – и краток опис за фотографијата/фотографиите со кои аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум.

 

За фотографиите:

Препорачан формат е JPEG/150dpi, со големина на фајлот не поголема од 20Мb. Фотографиите треба да содржат жиг или лого од авторот.

(Од победниците може да биде побарано да обезбедат и подобар формат за потребите на планираната изложба и за потребите на изработка на календарот за 2019 година).

Членови на Комисијата за наградување:

Одлуката на Комисијата е конечна. Организаторите го задржуваат правото да дисквалификуваат фотографии кои не ги исполнуваат условите на конкурсот.

  1. Природно математички факултет Скопје – Институт за географија;
  2. ЕХО Фестивал на планински филм
  3. Maкедонско Географско Друштво;
  4. Истражувачко здружение на студенти географи “Природник”
  5. Фотограф.

Организатор: Истражувачко здружение на студенти географи “Природник”

ПоддржувачиИстражувачко друштво “Урсус Спелеос” – Скопје, Туристичка агенција Dream Holidays, Македонско Географско Друштво

 Тема на натпреварот: Темата е кањони и водопади во Република Македонија

 Авторски права, одговорност и објавување.

Авторските права за сите фотографии кои учествуваат мора да припаѓаат на фотографите. Фотографот ги задржува правата за неговите/нејзините фотографии во секое време и неговото/нејзиното име ќе се појавува секогаш кога се објавени. Со учество во натпреварот, натпреварувачот им дава право на организаторите за бесплатна употреба на фотографиите за следните цели:

  • Промовирање на геофотоконкурсот во публикации на организаторот, неговата веб страна и во медиуми.
  • Сите наградени фотографии можат да бидат користени од страна на организаторот Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” за комерцијална продажба на комуникациски материјал и во нивните рекламни материјали, како и календари.
  • Сите наградени фотографии можат да бидат користени од страна на организаторот Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” за изложби и негово рекламирање.
  • Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” има право да ги користи наградените фотографии во нивните публикации. Фотографиите кои учествувале но не се наградени ќе бидат користени единствено по консултација и во договор со фотографот.
  • Употребата на фотографии за други цели освен оние споменати во текстот погоре, единствено може да продолжи после консултација со фотографот. Права на фотографиите немаат агенции или издавачи. Организаторот не превзема одговорност за акции превземени од трети страни.

Забелешка:

Ќе бидат земени во предвид само фотографии кои претходно не учествувале на други конкурси и кои не биле изложувани и за кои авторот ги поседува сите права.

Ги очекуваме вашите фотографии!

Повеќе информации:

Истражувачко здружение на студенти географи “Природник”

Адреса: Природно математички факултет Скопје, Архимедова 1000

Тел: 078/409-005;

www.izsg-prirodnik.com.mk

geofotokonkurs.prirodnik@gmail.com

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail