naslovna-gif-konkurs.gif

По повод 10 години од покренувањето на „Окно“ и 25 години од првиот број на списанието за култура „Маргина“, „Окно“ распиша конкурс на тема „ КНИГА/КНИГИ“.

Автор(к)ите на десетте најдобро оценети гифови ќе добијат парични награди. Најдобрите три гифа ќе добијат по 5000 денари, а другите седум по 3 илјади денари.

Жири комисијата ја сочинува редакцијата на „Окно“: Никола Гелевски, Александра Бубевска, Алек Кузмановски и Фросина Крушкаровска.

Рокот за испраќање е 20 октомври 2019 година. Пожелно е гифовите да да бидат до 1МБ. Тие гифови ќе имаат мала предност при оценувањето. Можат да се испраќаат и поголеми гифови, до 3МБ. Секој учесник на конкурсот може да испрати најмногу три (3) гифа.

Гифовите можете да ги испраќате на следнава адреса: [email protected]

Најдобро оценетите гифови ќе ги претставиме во неколку градови низ Македонија, во рамките на малиот проект: „Медиумот е порака: 10 години Окно и 25 години Маргина“. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, во рамки на акцијата „Новиот бран“.

извор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail