Конкурс за грантови за студиски престои во Австрија во рамките на Artists in – Residence – Programme 2018

Konkurs-za-grantovi-za-studiski-prestoi-vo-Avstrija-vo-ramkite-na-Artists-in-Residence-Programme-2018.jpg

Конкурс за грантови за студиски престои во Австрија во рамките на Artists in – Residence – Programme 2018

Австрискиот Федерален Канцелар во во рамките на Програмата Artists in – Residence – Programme 2018, во соработка со Култур Контак Австрија објавува Конкурс за грантови за студиски престои за 50 кандидати од странски земји, во Виена и Салцбург, во траење од 1 до 3 месеци со цел за запознавање со австриската уметничка сцена и култура и воспоставување на контакти со австриски уметници со цел за изработка на проекти од соодветната дисциплина. Од кандидатите од културното образование се очекува размена на искуства и вмрежување.

Право на учество за аплицирање за овие грантови имаат уметници кои имаат завршено соодветно образование со добро познавање на англискиот или германскиот јазик и да не се постари од 40 години (да се родени после 31 декември 1977 г.)

Немаат право на учество оние уметници кои оствариле студиски престој во рамките на оваа Програма.

Апликациите се поднесуваат за една од следниве дисциплини:

  • Визуелна уметност (престој од 3 месеци)
  • Уметничка фотографија (престој од 3 месеци)
  • Видео и медиумска уметност (престој од 3 месеци)
  • Композиција (престој од 3 месеци)
  • Литература за деца и младина (престој од 1 – 2 месеци)
  • Литературни преводи (престој од 1 – 2 месеци)
  • Културно образование (престој од 1   месец)

Подетални информации за студиските престои за кандидатите, како и формулар за аплицирање може да се симнат од следнава веб страна:

www.artists-in-residence-austria.at

Крајниот рок за електронското аплицирање на горенаведената веб страна е 18 септември 2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail