Конкурс за издавање на учебници за деветгодишно основно образование

MON.jpg

Врз основа на член 14 став 1, член 15 и член 18 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. 98/2008, 99/2009, 83/2010, 36/2011, 135/2011, 46/2012, 24/2013, 120/2013, 29/2014, 146/2015, 217/2015, 30/2016 и 21/2018) и согласно Правилникот за критериуми за утврдување на висината на надоместокот за пренос на материјалното авторско право за учебниците во основното и средното образование бр.22-10483/1 од 18.07.2013 година, бр.22-10483/2 од 16.09.2013 година и бр.03-6645/1 од 18.03.2015 година, Министерството за образование и наука – Педагошка служба, објавува

КОНКУРС
за издавање на учебници за деветгодишно основно образование

1. ОПШТИ УСЛОВИ

– Нарачател: Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

Предмет на конкурсот: Понуди за издавање по еден учебник за наставните предмети:

– Македонски јазик за учениците од другите заедници кои наставата ја следат на албански и турски јазик за IV одделение на деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 219.189,00 (двесте и деветнаесет илјади сто осумдесет и девет)денари.

– Македонски јазик за учениците од другите заедници кои наставата ја следат на албански и турски јазик за V одделение на деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 219.189,00 (двесте и деветнаесет илјади сто осумдесет и девет)денари.

– Македонски јазик за учениците од другите заедници кои наставата ја следат на албански и турски јазик за VI одделение на деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 232.083,00 (двесте триесет и две илјади осумдесет и три) денари.

– Македонски јазик за учениците од другите заедници кои наставата ја следат на албански и турски јазик за VII одделение на деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 232.083,00 (двесте триесет и две илјади осумдесет и три) денари.

– Македонски јазик за учениците од другите заедници кои наставата ја следат на албански и турски јазик за VIII одделение на деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 219.189,00 (двесте и деветнаесет илјади сто осумдесет и девет) денари.

– Македонски јазик за учениците од другите заедници кои наставата ја следат на албански и турски јазик за IX одделение на деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 219.189,00 (двесте и деветнаесет илјади сто осумдесет и девет)денари.

– Албански јазик за учениците од другите заедници (изборен предмет) за VI одделение на деветгодишното основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 219.189,00 (двесте и деветнаесет илјади сто осумдесет и девет)денари.

– Албански јазик за учениците од другите заедници (изборен предмет) за VII одделение на деветгодишното основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 219.189,00 (двесте и деветнаесет илјади сто осумдесет и девет)денари.

– Албански јазик за учениците од другите заедници (изборен предмет) за VIII одделение на деветгодишното основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 219.189,00 (двесте и деветнаесет илјади сто осумдесет и девет)денари.

– Албански јазик за учениците од другите заедници (изборен предмет) за IХ одделение на деветгодишното основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 219.189,00 (двесте и деветнаесет илјади сто осумдесет и девет)денари.

1.1. Право на учество на Конкурсот имаат авторите кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.

1.2. Конкурсот е јавен, отворен и анонимен. Авторството и сопственоста на одобрениот учебник се докажува со шестиот примерок на учебникот.

1.3. На конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет.

1.4. Автор на учебник не може да биде лице вработено во Министерството за образование и наука, во органите во состав на Министерството, во Центарот за стручно образование и обука, во Центарот за образование на возрасни, претседателот и членот на Националната комисија и член на рецензентската комисија.

1.5. Ракописот за учебник се изработува според наставниот план и програми за соодветното одделение, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

1.6. Ракописот за учебник треба да ги исполнува условите и стандардите согласно со Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

1.7. Ракописот за учебник се доставува во печатена форма во 5 (пет) ликовно, графички и јазично уредени примероци (3 примероци во боја и 2 црно бели), изработени според наставниот план и програми за соодветното одделение, предмет и Концепцијата за учебник за основно и за средно образование.

1.7.1. Ракописот за учебник не смее да содржи фотографии, илустрации и содржини превземени од трети лица за кои авторите немаат дозвола за користење.

1.8. Ракописот за учебник се доставува и во електронска форма.

1.9. Авторите, ракописот за учебник го доставуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а ракописите на учебниците за предметот Албански јазик за учениците од другите заедници (изборен предмет) за VI, VII, VIII и IХ одделение на деветгодишно основно образование го доставуваат на Албански јазик.

1.10. Министерот и авторот на учебникот склучуваат договор за пренос на материјалното авторско право во кој се утврдуваат меѓусебните права и обврски.

1.11. Ако авторот на учебник на конкурсот понудил дополнителна литература согласно член 15 став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование, истата е должен да ја отстапи без пренос на материјалното авторско право согласно член 18 став 2 од Законот.

2. РОКОВИ
2.1 Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 08.05.2020 година.

3. КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

3.1. Конкурсната документација ги содржи: Наставниот план и програма за соодветното одделение, предмет, Концепцијата за учебник за основно и средно образование и Законот за учебници за основно и средно образование.
3.2. Конкурсната документација може да се преземе во просториите на Министерството за образование и наука – Педагошка служба ул „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје или на www.bro.gov.mk, www.mon.gov.mk

4.ДОСТАВУВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИТЕ

4.1. Понудите за учебници се доставуваат препорачано по пошта или со доставување во Архивата на Министерството за образование и наука – Педагошка служба ул „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

4.2. На предната страна на пратката, во горниот лев агол, треба да биде назначено ,,НЕ ОТВАРАЈ,, и ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИ,, насловот на учебникот, одделението, а во средината адресата: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – ПЕДАГОШКА СЛУЖБА, ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје

4.3. Авторите на ракописи на учебници во доставениот пакет на кој пишува ,,НЕ ОТВАРАЈ,, треба да достават и затворен плик на кој исто пишува „НЕ ОТВАРАЈ„, со следните податоци и документи: точно име и презиме на авторот/ите, адреса на живеење, телефонски број, институција во која се вработени, уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија), преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование, изјава од лекторот за јазично уредување на текстот и потврда за положен испит за лектор (оригинал или заверена на нотар), изјава дека ракописот за учебник не содржи фотографии, илустрации и содржини превземени од трети лица за кои авторите немаат дозвола за користење.

4.4. Доколку името и презимето на авторот во пријавата се разликуваат од името и презимето наведено во уверението или дипломата за завршено соодветно образование, се приложува соодветен доказ за истоветноста на податоците.

4.5. Пликот ,,НЕ ОТВАРАЈ,, се отвора по одобрување на шифрите на учебниците.

4.6. Материјалите под точка 4.1., 4.2., 4.3. и 4.4. се доставуваат во затворен пакет на кој е запишано само ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИК,, и името на учебникот, адреса – Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје.

5. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

5.1. Понудите за учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и оние што не се изработени согласно условите на овој Конкурс, ќе бидат дисквалификувани.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail