Конкурс за објавување на дебитантско книжевно дело во едицијата Прва Книга

povik-za-MMP-1200x675-1.jpg

Фондацијата и Издавачка куќа Македонија презент – Скопје со поддршка од Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија ќе го реализираат проектот Млади македонски писатели.

Во рамките на тие активности е и распишувањето на овој Конкурс за објавување дебитантско книжевно дело во едицијата Прва книга.

Авторите треба да не се постари од 30 години и да немаат досега објавено своја прва книга.

Може да се учествува со необјавена книга: поезија, проза, критики, есеи, драма.

Ракописот треба да не биде поголем од 64 страници А-5 формат.

Може да се учествува само со еден ракопис потпишан со име и презиме, адреса, телефон и мејл. Заедно со ракописот треба да се испрати и кратка биографија и фотографија од авторот, кои доколку биде избран ракописот, ќе бидат објавени заедно со книгата.

Рокот за испраќање на ракописите е: 31 мај 2020 година.

Ракописите треба да се испратат на следниов мејл: [email protected]

Наградата е објавување дебитантско книжевно дело во едицијата Прва книга.

Селекторот ќе избере еден ракопис, кој ќе биде објавен до 1 август 2020 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail