Конкурс за стипендии на Првата Академија за графички и веб дизајн

nyfa-graphic-design-1400x500.jpg

Најкреативните решенија на конкурсот на тема „НаТочак“ на Првата Академија за графички и веб дизајн ќе добијат стипендии. Фондот за стипендии е во износ од 6.900 евра.

Условот да може да се аплицира за стипендија е креативноста преку пишан збор, скица, концепт, цртеж, фотографија, илустрација, анимација, видео…

Сите кандидати кои ќе аплицираат на овој конкурс имаат можност да освојат целосна стипендија во вредност од 2.450 евра или делумна стипендија во вредност од 1.000 евра. Вкупниот фонд на стипендии изнесува 6.900 евра. Ќе бидат доделени по една целосна и делумна стипендија за програмата Графички дизајн и за програмата Веб дизајн.

Конкурсот  за стипендиите, кои важат за учебната 2017/18 година, е отворен за сите кандидати на возраст од 18 години, со краен рок за аплицирање на 28 април 2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail