mon.jpg

Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високо образовни и научни истражувачи институции во Велика Британија за 2020 година

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон, и 1000 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите.
Услови за конкурирање:
– Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8,00;
– Одлично познавање на англиски јазик;
– Да не се постари од 30 години;
– Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.
Потребни документи за конкурирање:
1. Молба, вклучително адреса на живеење, е- mail и контакт телефон ;
2. Биографија (CV);
3. Предлог програма за истражување, на една страна, формат А4;
4. Согласност од институцијата во Велика Британија за прифаќање на студискиот престој;
5. Копие од диплома за завршено образование;
6. Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови;
7. Потврда за познавање на англискиот јазик ( ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС или сл.), и
8. Потполнет формулар (од www.britishscholarshiptrust.org) и две фотографии.

Потполнетиот пријавен формулар и потребните документи треба да се поднесат во Министерството за образование и наука, на англиски јазик, на адреса:
Ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54 -1000 Скопје, Сектор за меѓународна соработка

Крајниот рок за поднесување на документите е 15 март 2020 година.

Подетални информации може да се најдат на www.britishscholarshiptrust.org или на e-mail: [email protected]

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail