image002.jpg

Конкурс за стипендии за постдипломски студии за земјоделството во Унгарија

Краен рок за аплицирање за програмата 2018-19: 28 февруари

11 јануари 2018, Будимпешта, Унгарија – Отворена е можноста за аплицирање на Програмата за стипендии
на ФАО и унгарската влада. Двегодишната стипендија опфаќа финансирање на пост-дипломски студии во
дисциплини од областа на земјоделството за солидни студенти од земјите во развој и земјите со среден
приход.
Сега, во десеттата година по ред, програмата за стипендии на ФАО спонзорирана од Унгарија им нуди
можност на младите професионалци да го прошират и продлабочат своето знаење. Оние кои ќе бидат
примени во програмата ќе посетуваат студии од областите сточарство, земјоделското водостопанство или
инженерство во областа на животна средина, или на Универзитетот во Дебрецен или на Универзитетот Сент
Иштван – две реномирани високо образовни унгарски институции.

Стипендијата опфаќа трошоци за аплицирање и школарина, основни книги, сместување во домови, трошоци
за дневен надомест и здравствено осигурување.
Краен рок за поднесување на пријавите е 28 февруари 2018 година, за академската година почнувајќи од
есента 2018 година.

До денес, околу 300 студенти уживаат корист од стипендијата ФАО-Унгарија. По враќањето во нивните
матични земји, тие имаат подобри шанси на пазарот на труд. Тие исто така имаат пристап до глобална
професионална мрежа: нивните колеги научници и нивните професори.
Државјаните на следните земји, кои живеат во истите, имаат право да аплицираат за програмата:
Белорусија, Буркина Фасо, Чад, Египет, Етиопија, Гамбија, Грузија, Гана, Јордан, Казахстан, Кенија, Косово,
Киргистан, Лаос, Либан, Македонија, Мадагаскар, Мали, Мјанмар, Молдавија, Монголија, Црна Гора, Намибија, Нигерија, Северна Кореја, Палестина, Филипини, Србија, Сомалија, Судан, Таџикистан, Уганда,
Украина, Узбекистан, Виетнам и Јемен.

ЛИНКОВИ:
Страна за аплицирање
www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/1073290/

Во моментов алумни стипендистите на ФАО-Унгарија се повеќе од 250
FAO-Hungary scholarship alumni now number more than 250
www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/416029/

Добредојде за последната група на стипендисти на ФАО-Унгарија
www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/359190/

Школата на ФАО-Унгарија ги отвора вратите пошироко за младите професионалци
www.fao.org/europe/news/detail-news/en/c/320062/

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail