11_446.jpg

Се распишува конкурс за студенти кои студираат на ликовните академии, факултетите за дизајн и архитектонските факултети како и за млади уметници (до 35 години) за доставување на предлози со идејно графичко решение на плакат со димензии 50/70 на следната тема – АКТИВНА КУЛТУРА – СОЛИДАРНИ ГРАЃАНИ.

Конкурсот го организира Здружението „Факултет за работи што не се учат“ од Скопје/Битола, во рамки на годишната програма „Активна култура – солидарни граѓани“.

„Идејното решение треба да биде изработено во слободна техника на изразување (покрај компјутерско графичко решение може да се достави и рачно изработено решение во различни графички техники но во зададените димензии 50/70 см)“, стои во конкурсот.

Право на учество имаат студенти на факултетите за ликовни уметности, факултетите за архитектура, студенти за арт и дизајн како и сите други студенти кои ќе ги задоволат барањата на конкурсот како и млади професионалци што завршиле ликовно образование на возраст до 35 години.

Конкурсот се отвора на 5 март (четврток) и трае до 26 март (четврток) до полноќ.

Доставените идејни решенија ќе бидат разгледани и оценети од страна на стручна комисија во состав:

Ладислав Цветковски – професор на Факултетот за ликовни уметности, Скопје;
Јана Јакимовска – професорка на Ликовната академија при УГД – Штип;
Небојша Гелевски – графички дизајнер.

Комисијата ќе ги избере трите најдобри решенија кои ќе бидат наградени со прва, втора и трета награда.

„Овој конкурс за дизајн на плакати има за цел креативно повикување на одредени теми кои покренуваат и мобилизираат не само поединци туку цели групи и заедници кон активирање и работење на заедништвото и заедничкото во градење на едно праведно општество. Дизајните треба да мотивираат и инспирираат и да ги поддржуваат идеите за антинационализам, антифашизам, антидискриминација, почитување на соседите, меѓусебна солидарност, како и родова рамноправност“, се вели во повикот.

извор: окно.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail