Конкурс за упис на студенти за 2018-2019

FON-610x400.jpg

ЦЕЛОКУПНИОТ КОНКУРС МОЖЕ ДА ГО ПРЕЗЕМЕТЕ НА ОВОЈ ЛИНК

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

МАТУРАНТИТЕ И НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ МОЖЕ ДА ДОБИВААТ НЕДЕЛНИ ИЗВЕСТУВАЊА ЗА СОСТОЈБАТА СО СЛОБОДНИ МЕСТА ПРЕКУ ИНФОРМАЦИИТЕ ОБЈАВЕНИ НА ОВОЈ ЛИНК

ЗАКАЖУВАЊЕ НА СРЕДБА СО ВАШИТЕ ИДНИ ПРОФЕСОРИ И ДЕКАНИ ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ПРЕКУ ОВОЈ ЛИНК

Врз основа на член 103 став 1 точка 3, а во врска со член 149 став 1 од Законот за високото образование (Сл. Весник на Република Македонија бр 82/2018), Ректорската управа на Првиот приватен универзитет – ФОН распишува и објавува во дневниот весник Слободен печат од 31.05.2018:

 

К  О  Н  К  У  Р  С

за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2018/2019 година

  1. На Прв приватен универзитет – ФОН, во академската 2018/2019 година можат да се запишат вкупно 1250 студентина прв циклус студии  на следните студиски програми:

 

  1. 2. Студиите за програмите од точка 1 реден број 1 до 14 се реализираат во Скопје. Студиите за програмите од точка 1 реден број 1,5,7,9,11 и 13 се реализираат и во дисперзираното оделение во Струмица.

Студиите за програмите од точка 1 реден број 1,3,4,7, 10, 11 и 13 се реализираат и во дисперзираното оделение во Струга.

  1. 3. Доколку на одредена студиска програма се пријават помалку од 20 кандидати кои исполнуваат услови за запишување во прва година на прв циклус, ФОН Универзитетот има право да не започне со настава на таа студиска програма, а на пријавените кандидати ќе им понуди да се запишат на некоја од другите студиски програми.
  2. 4. Кандидатите се запишуваат како редовни студенти. Кандидатите кои имаат засновано работен однос или кои поради здравствени причини не се во можност редовно да ја следат наставата, можат да се запишат како вонредни студенти.
  3. Право на запишување во прва година на прв циклус студии за прв пат како и на академски студии од областа на уметностите имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование кои имаат положено државна или меѓународна матура.
  4. Право на запишување имаат и кандидатите кои завршиле средно образование пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура.
  5. Кандидатите кои средното образование го стекнале во странство треба да имаат решение од Министерството за образование и наука на Република Македонија за признавање на странска дипломa. Доколку кандидатот се стекнал со средно образование во странство, се смета дека условите за зашпишување ги исполнува и лице кое завршило соодветно/еднакво  образование во странство. Кандидатот доставува и Решение од Министерство за образование и наука на Република Македонија за признавање на средно образование стекнато во странство, како и документите врз основа на кои е извршено признавањето, во оригинал и нотарски заверен превод на македонски јазик.
  6. Рангирањето на пријавените кандидати се врши врз основа на вреднување изразено во поени за успехот од средното образование и државната матура. Кандидатите кои имаат завршено средно образование пред учебната 2007/2008 година и кандидатите кои завршиле средно образование во странство, се запишуваат само врз основа на успехот од средното училиште.
  7. 9. Студирањето на ФОН Универзитетот е со самофинансирање. Висината на школарината за студиските програми од точка 1, за државјани на Република Македонија со исклучок на студиските програми од реден број 2 и 14 изнесува во денарска противвредност[*]со:

– Квота 1 – 600 евра годишна школарина (300 по семестар), за ученици со среден просек од од 4.00 до 5.00

– Квота 2 – 800 евра годишна школарина (400 евра по семестар), за ученици со среден просек од 3.00 до 4.00

– Квота 3 – 1000 евра годишна школарина (500 евра по семестар), за ученици со среден просек под 3.00

Висината на школарината за странски државјани за студиските програми од точка 1, изнесува  4500 евра годишна школарина во денарска противвредност*.

  1. ФОН Универзитетот ќе склучи поединечни договори со секој кандидат кој се запишал на студии на факултетите во состав на ФОН Универзитетот, каде ќе биде утврдена висината на годишната школарина.

Постапки и рокови за пријавување и за изведување на запишувањето на студиите:

  • прв  уписен рок:
    • за пријавување  –  од распишување на конкурсот до 25 Јуни 2018
    • за запишување – од 26 Јуни 2018 до 29 Јуни 2018
  • втор уписен рок  – 
    • за пријавување – од 2 Јули 2018до 10 Септември 2018
    • за запишување – од 11 Септември 2018 до 14 Септември 2018
  • трет уписен рок  –
    • за пријавување – од 17 Септември 2018 до 26 Септември 2018
    • за запишување – од 27 Септември 2018 до 30 Септември 2018
  1. При пријавување за упис е потребна следната документација:
  • Свидетелства од сите четири години на средно образование;
  • Додаток на сведетелство;
  • Диплома за завршено средно образование со положена државна односно меѓународна матура;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Уверение / Решение за државјанство;
  • 510 денари депозит за школарина
  • 800 денари семестрални трошоци
  1. Кандидатитее кои се странски државјани се запишуваат на студии под исти услови. Странските државјани кои за прв пат се запишуваат на прв цилкус студии на македонски јазик, доставуваат и потврда за познавање на македонски јазик на ниво Б2 Во случај кандидатите кои се странски државјани да не поседуваат потврда за познавање на македонски јазик, истите можат да се запишат само на програмата за јазична и академска подготовка или испитот за јазична проверка да го полагаат на ФОН Универзитет

Кандидатитее кои се странски државјани се запишуваат на студии под исти услови. Странските државјани кои за прв пат се запишуваат на прв односно цилкус студии на англиски јазик, доставуваат и меѓународно призната потврда за познавање на англиски јазик на ниво Б2. Во случај кандидатитее кои се странски државјани да не поседуваат потврда за познавање на македонски јазик, истите можат да се запишат само на програмата за јазична и академска подготовка или испитот за јазична проверка да го полагаат на ФОН Универзитет.

Кандидатите  кои се странски државјани доставуваат и лекарска потврда за направен ХИВ тест и тест за хепатит Ц.

  1. Сите документи се доставуваат во оригинал, секој ден од понеделник до сабота од 08:00 до 16:00 часот на ФОН Универзитетот во Скопје и на одделенијата во Струга и Струмица.

ФОН Универзитет- Скопје,  ул. Киро Глигоров бр.5

ФОН Универзитет одделение Струга ул. ЈНА б.б

ФОН Универзитет-одделение Струмица, ул. Елка Јанкова бр.12

МАТУРАНТИТЕ И НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ МОЖЕ ДА ДОБИВААТ НЕДЕЛНИ ИЗВЕСТУВАЊА ЗА СОСТОЈБАТА СО СЛОБОДНИ МЕСТА ПРЕКУ ИНФОРМАЦИИТЕ ОБЈАВЕНИ НА ОВОЈ ЛИНК

[*] По курс 61,7 МКД за 1 ЕВРО

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top