КОНКУРС за заеднички македонско-австриски научно-истражувачки проекти за периодот 2018-2020 година

KONKURS-za-zaednichki-makedonsko-avstriski-nauchno-istrazuvachki-proekti-za-periodot-2018-2020-godina.jpg

КОНКУРС за заеднички македонско-австриски научно-истражувачки проекти за периодот 2018-2020 година

Врз основа на член 3 од Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Австрија за научна и технолошка соработка од 1 ноември 2008 година, Министерството за образование и наука  распишува

КОНКУРС
за заеднички  македонско – австриски научно-истражувачки проекти
за периодот  2018 – 2020 година

Краен рок за понесување на предлози: 31.12.2017 година

 

Право на конкурирањеДржавните универзитети во нивните единици насочени кон наука  (научни институти) и  во единици насочени кон образование засновано на наука (факултети), јавните научни установи, мешовити научни установи, приватни високообразовни установи, приватни научни установи, самостојни  истражувачи и центри  на извонредност.
Услови за учество– Истражувачкиот тим на научноистражувачкиот проект треба да е составен од главен истражувач, со научно односно наставно-научно звање кој е вработен во установата носител на проектот и најмалку уште еден истражувач со научно или наставно-научно звање, евидентирани во базите на податоци за научни истражувачи на Министерството за образование и наука, како и најмалку два млади истражувачи, од кои еден активен постдипломец или докторант.

– Еден истражувач може да биде главен истражувач на само еден домашен и на само еден меѓународен научноистражувачки проект финансирани или кофинансирани од страна на Министерството за образование и наука, и.

– други услови, согласно постојната законска регулатива

Научни областиСите научни области
Времетраење на проектите1 јули 2018 до 30 јуни 2020година
Краен рок за поднесување на предлозите31.12.2017 година
Начин на финансирањеСогласно проектната соработка
Поднесување на предлозитеПредлози за проекти од сите научни области се поднесуваат во два   примероци на пропишани обрасци од страна   на Министерството за образование и наука..

Обрасците за понесување на предлози за проекти се составен дел на овој Конкурс (www.mon.gov.mk). Подетални информации може да се добијат во Министерството на тел. (02)   3140 185 или на e-mail:[email protected], [email protected]

Kритериуми за оценување на предлозитеПредлози за проекти ќе се рецензираат од независни рецензенти врз основа на следните критериуми содржани во оценувачкиот лист ОЛ-1:

·          придонес во продлабочување и проширување на научните знаења,

·          оригиналност на целите и содржината на  истражувањето,

·          компетентност на главниот  истражувач и предложениот истражувачки тим,

·          вклученост и оспособување на млади научноистражувачки  кадри,

·          релевантност и конкурентност на проектот за меѓународна соработка, особено за истражувачките програми на ЕУ,

·          релевантност за примена на резултатите во практиката,

·          исполнетост на материјално технички и други инфраструктурни услови за реализација на проектот,

·          остварливост на резултатите во временска рамка, и

·          реалност на финансиските средства потребни за реализација на проектот.

Секој од наведените елементи на овој член за оценување независните рецензенти го вреднуваат со оценка од 1 до 5. Проектот е позитивно оценет доколку добил средна оценка најмалку 3,5.

Носителот на научно-истражувачкиот проект ќе биде известен за резултатите од конкурсот после состанокот на Заедничката македонско – австриска средба, во текот на втората половина на 2010 година.

Предлозите се поднесуваат истовремено во двете земји на заедничкиот образец на англиски јазик. Во дополнение, македонската страна до Министерството за образование и наука предлогот го поднесува и на обрасците ОБ1-А и ОБ1-Б.

Поднесените предлози само во една земја нема да бидат разгледувани.

Завршен извештајЗавршниот извештај треба да се поднесе во рок од три месеци од датумот на завршувањето на проектот.
Адреса на институцијата во Македонија за понесување на предлозитеАдреса на институцијата во Австрија за понесување на предлозите
Министерство за образование и наука

Сектор за наука и технолошки развој

Ул. Мито Хаџивасилев Јасмин, бб.

1000 Скопје

Тел: (02)  3140 185

Fax:      (02) 3118 414, 3118 630

E-mail: [email protected], [email protected],

Internet: www.mon.gov.mk

OeAD-GmbH (Austrian Agency for international Cooperation in Education and Research)
ICM – Centre for International Cooperation & Mobility

Mr. Michael Glatzl, MA
Ebendorferstraße 7
A-1010 Vienna
Tel. +43 (0)1/ 53408-472
Email: [email protected],

Website: www.oead.at/wtz

 

За симнување:

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail