КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус универзитетски додипломски студии и втор циклус универзитетски (магистерски) студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

KONKURS-za-zapishuvanje-studenti-na-prv-ciklus-univerzitetski-dodiplomski-studii-i-vtor-ciklus-univerzitetski-magisterski-studii-na-Univerzitetot-za-turizam-i-menadzment-vo-Skopje.jpg

КОНКУРС за запишување студенти на прв циклус универзитетски додипломски студии и втор циклус универзитетски (магистерски) студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРИВАТНА ВИСОКООБРАЗОВНА УСТАНОВА
УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ

 

Во согласност со член 108, став 4 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ број 35/2008, 103/2008, 26/2009, 99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 130/2014, 10/2015, 20/2015, 98/2015, 145/2015, 154/2015,30/2016 и 127/2016), Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со седиште на Булевар „Партизански одреди“ број 99, 1.000 Скопје, објавува

К О Н К У Р С

за запишување студенти на прв циклус универзитетски додипломски студии и втор циклус универзитетски (магистерски) студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во академската 2018/2019 година на македонски и англиски јазик

 

  1. Факултет за туризам

диплома прв циклус: дипломиран менаџер во туризмот

диплома втор циклус: магистер по менаџмент во туризмот

  1. Економски факултет

диплома прв циклус: дипломиран економист

диплома втор циклус: магистер по економија

  1. Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент

диплома прв циклус: дипломиран менаџер за односи со јавноста и меѓународен маркетинг менаџмент

диплома втор циклус: магистер по односи со јавноста и меѓународен маркетинг менаџмент

  1. Факултет за претприемачки бизнис

диплома прв циклус: дипломиран менаџер по претприемништво

диплома втор циклус: магистер по претприемништво

  1. Факултет за менаџмент на човечки ресурси

диплома прв циклус: дипломиран менаџер по човечки ресурси

диплома втор циклус: магистер по менаџмент на човечки ресурси

  1. Факултет за правни науки*

диплома прв циклус: дипломиран правник

диплома втор циклус: магистер на правни науки во областа на меѓународните односи

* Во процес на акредитација

  1. Факултет за информатика*

диплома прв циклус: дипломиран инженер по информатика – Софтверско инженерство

диплома втор циклус: магистер по Софтверско инженерство

* Во процес на акредитација.

Студиите од прв и втор циклус се од научно-истражувачките подрачја и полиња:

1 природно-математички науки, поле 110 информатика, 2 техничко-технолошки науки, поле 212 компјутерска техника и информатика, 5 општествени  науки, поле 503 економски науки, 506 организациони науки и управување (менџмент) 508 правни науки и 514 туризам и угостителство од Класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната Фраскатиева класификација.

  1. Број на студенти

На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во прва година на прв циклус универзитетски додипломски студии, за горенаведените студиски програми, во академската 2018/2019 година, со времетраење од три години (шест семестри), ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти, со времетраење од четири години (осум семестри) ќе се запишат 40 редовни и 40 вонредни студенти, а на втор циклус студии 280 студенти.

  1. Услови и критериуми за запишување

а) На прв циклус универзитетски додипломски студии

II.а.1. Услов за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии, за лицата кои ќе матурираат во учебната 2017/2018 година, е положена државна, училишна или  меѓународна матура.

Услов за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии е завршено четиригодишно средно образование, во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука на РМ.

Право на запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии имаат и кандидати државјани на РМ кои средно образование завршиле во странство, како и странски државјани, под истите услови како и државјаните на РМ.

II.а.2. На прв циклус универзитетски додипломски студии на Универзитетот можат да се запишат и кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи. Овие кандидати се запишуваат надвор од квотата, најмногу до 20% од вкупниот број редовни студенти на Универзитетот утврден во овој Конкурс.

II.а.3. Кандидатите се запишуваат како редовни, вонредни, или како студенти на далечинско студирање, со самофинансирање на студиите, во износ утврден со одлука на Ректорската управа на Универзитетот.

II.а.4. Кандидатите се запишуваат без полагање приемен испит.

II.а.5.Основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии за лицата кои ќе матурираат во учебната 2017/2018 година е успехот постигнат во средното образование и државната матура, односно училишната матура или завршниот испит, а за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано е успехот постигнат во средното образование.

Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите може да освојат најмногу 100 поени, и тоа:

  • Општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 60%,
  • Успехот од државната матура, односно училишната матура или завршниот испит и резултатот од екстерното проверување на постигањето на успехот на ученикот учествува со 40%.

II.а.6. Вреднувањето на успехот од средното образование и државната матура се врши според утврдени критериуми во Правилникот за условите и критериумите за запишување на прв циклус универзитетски додипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

б) На втор циклус универзитетски магистерски студии

II.б.1. Право на конкурирање за запишување на вториот циклус (магистерски) студии имаат кандидати (државјани на РМ и странски државјани) што ги исполнуваат следните општи услови:

  • Да имаат завршено прв циклус универзитетски студии, во траење од четири години на акредитирани универзитети, односно факултети во Република Македонија или во странство и освоени 240 ЕКТС;
  • Да имаат завршено прв циклус универзитетски студии, во траење од три години на соодветни или сродни додипломски студии, на акредитирани универзитети, односно факултети во Република Македонија или во странство и освоени 180 ЕКТС.
  • Познавање на најмалку еден светски јазик (се докажува со документ од соодветна образовна установа).

II.б.2. Кандидатите се запишуваат како редовни, вонреди или како студенти на учење на далечина со самофинансирање на студиите во износ определен со одлука на Ректорската управа на Универзитетот.

III. Рокови за пријавување и запишување

            а) Прв циклус додипломски универзитетски студии

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши од:

  • објавувањето на конкурсот до 31 август 2018 година, за првиот уписен рок,
  • 09.2018 година до 14.09.2018 година, за вториот уписен рок,
  • 09.2018 година до 01.10.2018 година, за третиот уписен рок.

Објавувањето на резултатите за кандидатите кои ги исполнуваат условите за запишување ќе се изврши на:

  • 01 09.2018 година, за првиот уписен рок,
  • 09.2018 година, за вториот уписен рок и
  • 10.2018 година за третиот уписен рок.

Доколку бројот на студенти пропишани во овој Конкурс не се пополни во горе утврдениот рок, Универзитетот ќе објави дополнителни уписни рокови, за што заинтересираните кандидати навреме ќе бидат информирани.

            б) Втор циклус универзитетски магистерски студии

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши од објавувањето на конкурсот до          09.11.2018 година. Објавувањето на резултатите за примени кандидати на 10.11.2018 год.

  1. Документи за пријавување и запишување

При пријавувањето за запишување кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

а) за запишување на прв циклус (додипломски) студии:

  1. пријавен лист за запишување (го добиваат на Универзитетот);
  2. оригинални свидетелства од сите учебни години (I,II,III,IV година);
  3. соодветни документи за завршена државна матура, училишна матура или завршeн испит и додаток на сведителство по спроведеното екстерно проверување на постигнатиот успех на ученикот;
  4. извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ) и
  5. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение), односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани.

б) за запишување на втор циклус (магистерски) студии:

  1. пријавен лист за запишување (го добиваат на Универзитетот);
  2. диплома, додаток на диплома или уверение за положени испити, како и документ за познавање на еден од светските јазици;
  3. извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ) и
  4. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение), односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани.

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти, освен горенаведените документи, поднесуваат и договор за вработување или лекарско уверение.

Странските државјани или државјани на РМ кои образование завршиле во странство треба да извршат нострификација на документите за стекнато средно, односно високо образование во Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат препис од документите за свои потреби.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  1. две фотографии (3х4 см.);
  2. доказ за уплатени средства за студирање.

Пријавувањето може да се изврши и по електронски пат.

Документите за пријавување се поднесуваат  во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со седиште на булевар „Партизански одреди“ број 99, 1.000 Скопје, односно во објектите на дисперзираните канцеларии на Универзитетот.

Подетални информации заинтересираните кандидати можат да добијат на www.utms.edu.mk, e-mail contact@utms.edu.mk или на тел. 02 3093209, 02 3093212 и 02 3093215.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top