КОНКУРС ЗА ЗБОРНИКОТ „РАКОПИСИ 40“: Може да аплицираат млади писатели до 30 години

rakopisi.jpg

Материјалите испратете ги на zbornikrukopisi@gmail.com или Дом на млади, „Света Сава“ 10, 26 000 Панчево, Србија со назнака „Ракописи 40“. Не е задолжително испраќање на двете адреси, туку по избор или на електронската или на обичната пошта.

Сите млади лица од земјите на поранешна Југославија може да се пријават на конкурсот „Ракописи 40“ за Зборник на поезија и кратка проза во организација на Дом на млади од Панчево.
Конкурсот ќе биде отворен до 20 февруари 2017 година, а право на учество имаат девојки и момци од 15 до 30 години кои пишуваат на јазиците на поранешната југословенска република.

Потребно е да се испратат до три песни и/или три кратки приказни: песните да бидат во должина до два, а приказните до три страници (до 7.000 карактери, со големина на букви 12), потпишани со полно име и презиме, година на раѓање, адреса, број на телефон и е-адреса.

Материјалите испратете ги на zbornikrukopisi@gmail.com или Дом на млади, „Света Сава“ 10, 26 000 Панчево, Србија со назнака „Ракописи 40“. Не е задолжително испраќање на двете адреси, туку по избор или на електронската или на обичната пошта.

Се замолуваат сите автори да ги почитуваат правилата на конкурсот и да го запазат рокот на пријавување.

„Ракописи 40“ ќе излезе од печат на почетокот од мај, а на крајот од мај е планирана и промоција во Панчево, односно дводневен фестивал. Авторите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и од Црна Гора што нема да бидат во можност да дојдат на прoмоцијата ќе добијат примерок по пошта.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail