uklo-1.jpg

Врз основа на член 31 ставови 1 и 2 од Законот за високото образование, член 36 од
Статутот на Универзитетот „Св Климент Охридски”- Битола и членови 34 и 35 од
Статутот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св Климент
Охридски”-Битола, Претседателот на Универзитетското студентско собрание објавува:

К О Н К У Р С

за избор на Студентски правобранител
на Универзитетот „Св Климент Охридски”- Битола
Се распишува Конкурс за избор на Студентски правобранител на Универзитетот
„Св Климент Охридски”- Битола:

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПО КОНКУРСОТ

 Кандидатите кои се пријавуваат да бидат редовни студенти на некоа од единиците
на УКЛО (Факултетите / Високата медицинска школа);
 Кандидатите кои се пријавуваат да имаат најмалку просечна оценка од 8.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПО КОНКУРСОТ
 Пријава;
 Потврда за редовен студент;
 Потврда за просечна оценка од студиите од соодветниот факултет;
 Кратко CV (биографија) во Europass формат;
 Мотивациско писмо.

РОКОВИ

Кандидатите треба да ги достават потребните документи во рок од 15 дена од кога
е објавен Конкурсот на веб страницата на Универзитетот, веб страниците и огласните
табли на Факултетите / Високата медицинска школа и Универзитетското студентско радио
УКЛО ФМ (од 21.01.2020 до 04.02.2020 година), до Конкурсната комисија при
Универзитетското студентско собрание преку архивата на Ректоратот на
Универзитетот „Св Климент Охридски”- Битола ул.„Булевар 1-ви Мај“ бб Битола со
назнака „За Конкурсот за Студентски правобранител на УКЛО“. Документите кои се
некомплетни или надвор од наведениот рок, нема да се разгледуваат.
Во предвидениот рок, Конкурсната комисија, при разгледувањето на Пријавите и
рангирањето на кандидатите за студентски правобранител, ги зема предвид, покрај
основните услови и дополнителните критериуми за избор (активно учество во проекти,
невладини организации и сл.), а по потреба може да направи интервју со пријавените
кандидати.
Универзитетското студентско собрание, на предлог на Конкурсната комисија, треба
да утврди предлог за Студентски правобранител најдоцна во рок од 8 (осум) дена по
завршувањето на Конкурсот.
Сенатот на Универзитетот треба да избере Студентскиот правобранител најдоцна
во рок од 15 дена по поднесувањето на предлогот за Студентски правобранител од страна
на Универзитетското студентско собрание.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail