КОНТРОВЕРЗНА СТУДИЈА: Мажите се поинтелигентни, еве и зошто

nauka.jpg

Универзитетот Еразмус во Ротердам се најде на удар на критичката јавноста откако ја објави студијата која укажува на тоа дека жените во просек се помалку интелигентни од мажите, пренесува „Индепендент“.

Научниците заклучиле дека машкиот коефициент на интелигенција е за четири поени поголем од женскиот затоа што мозокот на мажот е претежно поголем.

Сепак, критичарите наведуваат дека IQ тестот, кој се заснова на симболичка логика, претставува контроверзна мерка на интелигенција која е тешко да се забележи во секојдневен живот.

Британскиот невролог, др. Адријан овен исто така постоечките начини може да се измери интелигенцијата ги нарекува „прилично беззначајни“.

Одамна е научно докажано дека мажите и жените по интелигенција се наоѓаат на отприлика исто ниво. Точно е дека жените имаат помали мозоци, никој тоа не го оспорува, но жените исто така генерално се поситни во однос на мажите, што значи дека големината на нивните мозоци во однос на нивното тело е слична како кај мажите. Мажите веќе со векови се обидуваат да пронајдат доказ на женска инфериорност. Изненадувачки е дека во 21 век таквите напори се уште постојат – изјавила научната новинарка Анџела Саини.

Истржаувачите до спорниот заклучок дошле врз основа на MRI снимка на луѓе на возраст од 22 до 37 години. Научниците мереле вкупна запремнина на мозокот и запремнина на церебралниот кортекст – дел од мозокот поврзан со нашите мисли и постапки, а потоа ги споредиле добиените резултати.

Научниот тим воспоставил дека машкиот мозок во просек има порстор од 1,2 литри, додека женскиот од 1 литар. Луѓето со поголеми мозоци исто така освоиле нешто повеќе поени на тестот на интелигенцијата.

Сепак, одредени студии покажале дека EQ – емоционалната интелигенција е далеку поефикасен индикатор на успешност на работното место и генерално во животот. Обично на ова поле поголем е бројот на поени кои го освојуваат жените.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail