Копенхаген вложува 45 милиони долари за садење нови дрва

kopenhagen.jpg

Одборот за животна средина на градот Копенхаген одобри 300 милиони круни, односно 45 милиони долари за садење нови стебла во целиот град.

Целта на данската престолнина е до 2025 година да посади околу 100.000 нови стебла. Проектот започна во 2015 година, а до сега се засадени околу 17.000 стебла.

Мортен Кабел од партијата на Алијансата на црвено-зелените истакна дека сите влијателни партии силно ја поддржале иницијативата за садење нови стебла.

– Не очекував ништо друго, затоа што сите важни политички партии порачаа дека сакаат повеќе стебла во градот, како и позелен Копнехаген. Тоа, поточно е она што го сакаат и самите граѓани на Копенхаген, рече Кабел пред новинарите.

Тој додаде дека многу е значајно дека „зелениот град“ е приоритет за вастите во Копенхаген.

–  Животната средина е многу важна за сите нас. Сакаме повеќе зеленило за да можеме да уживаме во околината во која живееме. Во суштина, сетоа тоа  позитивно придонесува и за климата, рече Кабел.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail