Коронавирусот ги испразни студентските домови

89820811_577204899675631_9104168715657674752_n-702x336-1.jpg

Со куфери и ранци на себе, студенти сместени во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, претпладнево го напуштаа објектот и се упатуваа во градовите од каде што доаѓаат. Повеќето си заминале уште вчера по препораките кои беа усвоени за прекинување на воспитно-образовниот процес во градинките, училиштата, но и факултетите во следните две недели, поради коронавирусот.

Дел од нив, за Радио МОФ, велат дека не добиле никакво известување од студентската управа за тоа како треба да постапат, додавајќи дека известување добиле само од факултетите каде што студираат.

„Внатре не е раздвижено. Си отидоа студентите, што ќе прават две недели“, кратко ни изјави студент од домот.

Директорот на Државниот студентски дом – Скопје Дарио Николовски, вели дека во текот на денешниот ден, откако официјално добиле известување од МОН, го споделиле известувањето со студентите дека нема да бидат достапни за користење ниту просториите и услугите на државните студентски и ученички домови.

Целиот текст прочитајте го на радиомоф.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail