Кошаркарките на Крива Паланка нови јуниорски шампиони на Македонија

283938867_408274904640374_6360032316573418690_n.jpg

Златни медали вечерва ги красат кошаркарките од Крива Паланка откако јуниорскиот состав ја обезбеди шампионската титула во возрасната категорија до 18 години.

Избраничките на Ведран Белешковски не ги штедеа своите противници во финалето, јуниорките на Баскет КАМ 2011, против кои славеа со речиси двојно повеќе поени (101-51). Михаела Алексовска се здоби со признанието најкорисен играч.

Претходно, во натпреварот за трето место, кошаркарките на Трокал со триумф од 66-73 над Бадел 1862 се закитија со бронзените медали во оваа конкуренција за сезона 2021/22.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail