Космичка прашина, а не „вонземска мегаструктура“, ја прекрива мистериозната ѕвезда

prasaina.jpg

Но, една студија, составена од повеќе од 100 научници кои ја набљудува ѕвездата, наречена КИЦ 8462852, ги става вонземските гласини на страна.

„Прашината е најверојатно причина зошто светлината на ѕвездата се затемнува и осветлува“, рече главниот автор Табита Бојаџиан, асистент професор по физика и астрономија на Државниот универзитет во Луизијана, по кого го носи прекарот „Ѕвездата на Таби“.

„Новите податоци покажуваат дека различните бои на светлината се блокирани на различни интензитети. Оттаму она што поминува меѓу нас и ѕвездата не е непроѕирно, како што би се очекувало од планета или вонземска мегаструктура“.

Првичното откритие на ѕвездата беше остварено со помош на вселенскиот телескоп за лов на планети на НАСА, познат како Кеплер.

Кеплер ги открива планетите со следење на моментите кога светлината на ѕвездата се затемнува како некој објект поминува пред неа.

Невообичаените падови во осветленоста на Ѕвездата на Таби – оддалечена повеќе од 1.000 светлосни години, околу 50 проценти поголема и 1.000 степени потопла од сонцето – предизвикаа глобален интерес.

Повеќе од 1.700 луѓе донираа околу 100.000 долари преку Кикстартер кампањата за нејзино понатамошно проучување.

Астрономите од опсерваторијата Лас Кумбрес со седиште во Калифорнија внимателно ја следеа од март 2016 до декември 2017 година.

„Се надевавме дека откако ќе фатиме затемнување во реално време, би можеле да видиме дали затемнувањето е со иста длабочина на сите бранови должини“, рече ко-авторот Џејсон Рајт, асистент професор на одделот за астрономија и астрофизика во државата Пенсилванија.

„Ако тие се речиси исти, ова би сугерирало дека причината е нешто непроѕирно, како орбитирачки диск, планета или ѕвезда, па дури и поголеми структури во вселената“.

И покрај тоа што тимот отфрли каква било голема вонзмеска градба како причина за затемнувањето „ тоа ја зголемува веродостојноста на другите феномени зад затемнувањето“, рече Рајт.

„Постојат модели кои вклучуваат сиркумстеларен материјал – како егзокомети, кои беа првичната хипотеза на тимот на Бојаџиан – што се чини дека е во согласност со податоците што ги имаме“.

Извештајот е објавен во Астрофизикал Џурнал Летерс, пренесе АФП.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top